Билки што позитивно влијаат на нашето здравје

Алое вера

Позната како „билка на бесмртноста” помеѓу Египќаните, оваа билка традиционално се чувала покрај вратата за да го штити домот од зли духови и да внесе позитивна енергија. Од научно гледиште, алое верата го прочистува воздухот од вообичаените канцерогени честички и емитува кислород навечер, со што помага во подобрување на сонот и намалување на вознемиреноста. Исто така, откриено е дека алое верата го подобрува помнењето и ја ублажува депресијата.

Спатифилум или мирен лилјан

Со своите впечатливи, скулптурни бели цветови, оваа билка освен што е прекрасен украс, има и смирувачко дејство. Позната е по ефикасното неутрализирање на отровните гасови како што се јаглерод моноксидот и формалдехидот. Во суштина, спатифилумите се органски прочистувачи на воздухот кои ќе го направат вашиот дом пријатно место за одмор.

Лаванда

Оваа билка, илјадници години се користела за медицински цели бидејќи ги смирува нервите, ја ублажува главоболката, ја спречува несоницата и помага во лекување на депресијата. Нејзиниот мирис има главна улога во ароматераписките третмани, а едно истражување од 2009 година открило дека мирисот на лаванда има благотворно дејство врз намалување на пулсот во стресните ситуации.

Босилек

Освен убавите, нежни листови и опојниот мирис, омилената свежа билка исто така содржи големи количини на органска материја наречена линалул, која обично се користи во ароматерапијата. Со тоа, тим од јапонски научници спровел лабораториско истражување врз глувци и открил дека изложеноста на линалул го намалува зголеменото ниво на стрес и вознемиреност.

Бршлен

Оваа билка е исклучително ефикасен прочистувач на воздух. Научниците од НАСА го нарекле бршленот „една од најдобрите билки на светот за прочистување на воздухот”. Тој е исклучително ефикасен во елиминирање на смогот или секундарниот чад во затворен простор. Додатен плус е фактот дека оваа билка е исклучително лесна за одржување бидејќи не бара многу вода ниту светло за нејзиниот раст.

 

Прочитајте и
1 коментар
  1. Aleksandra вели

    Vo ovoj virtuelen svet Vie ste cool i realno postoite. Pozz. Uspeh i mnogustrana sorabotka Vi posakuvam.

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.