Лекарите го откриле најраниот знак на коронавирус: Пред да се развие вирусот, се јавува овој симптом!

Нови сознанија

На списокот симптоми што се поврзуваат со коронавирусот, лекарите додале уште еден

Препознавањето и разбирањето на потенцијалните симптоми на овој вирус е исклучително важно, велат лекарите.

Раното откривање, ги зголемува шансите за излекување. Досега знаеме дека покачената температура, кашлицата, како и губењето на сетилата за мирис и вкус се јасни симптоми. Меѓутоа, Светската здравствена организација на списокот додала уште еден симптом за кој вели дека можеби е најраниот показател на коронавирус.

Ненадејните промени на кожата може да укажуваат на тоа дека организмот е нападнат од овој вирус.

Осипот во вид на ситни точки со силно црвена боја може да укажува на зараза.

Според податоците на италијанските лекари, секое петто лице што е хоспитализирано поради коронавирус ја имало оваа промена на кожата.

„Осипот може да биде најраниот симптом, а честопати и единствениот. Во повеќето случаи, пред да напредува болеста, се јавува оваа промена на кожата“, велат лекарите.

Еве што велат експертите…

Доктор Ренди Џејкобс, професор асистент на дерматологија на Универзитетот во Калифорнија, зборувал за 67-годишен пациент кој е заразен со коронавирус. Кај него прво се јавил симптом што личел на обична настинка, но една недела подоцна, му се појавил осип на внатрешната страна на бутот, по што му бил дијагностициран коронавирус.

Тој додава и дека овој симптом во повеќето случаи се јавува кај лица што боледуваат од некоја автоимуна болест.

Со прекинувањето на вонредната состојба, нема да исчезне опасноста од овој вирус, па неопходно е да се следат сите промени на телото, а пред сѐ, да се спроведуваат сите мерки за заштита, едногласни се лекарите.

Вирусологот Ретфилд: Вториот бран на коронавирус ќе биде уште посилен – еве кога точно се очекува!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.