Дошол во болница со само 1 симптом: Скенерот покажал уништени бели дробови – дали ова е новиот знак за корона?

Потполно нетипично

Ништо освен една болка не издавало дека нешто не е во ред со овој маж

Од висока температура до сува кашлица, познато е дека коронавирусот доаѓа со низа други симптоми. Сега научниците ги предупредуваат мажите на уште една можна ретка нус-појава на болеста ковид-19!

Скенерот покажал оштетување на белите дробови

Истражувачите од Медицинската школа Харвард поднеле извештај за случајот на 42-годишник кој бил тестиран позитивно на вирусот, откако во болница дошол со „прободувачка болка“ во тестисите.

Докторите не можеле да најдат ништо погрешно со неговите тестиси, но затоа скенерот покажал оштетување на белите дробови. Два дена подоцна, на мажот му било дијагностицирано ковид-19. За жал, бидејќи човекот имал нетипични симптоми, неколку други пациенти и лекари можеби несвесно се изложиле на вирусот.

Во истражувањето објавено во Американскиот магазин за итна медицина, истражувачите напишале:

„Пациентот не покажа респираторни симптоми, ниту лекарскиот знаел дека пациентот неодамна бил тестиран пред да дојде во болница. Па така, здравствените работници што го прегледуваа не носеа соодветна опрема. Како резултат на тоа, повеќе од 25 пациенти и работници во болницата се известени за потенцијалната изложеност.“

Дали болката во тестисите е поврзана со коронавирусот?

Иако останува нејасно дали неговата болка во тестисите е поврзана со коронавирусот, познато е дека и други вируси влијаат врз овој дел од телото кај мажите.

„Постојат одредени вируси што можат да влијаат врз тестисите, како што се заушките. Само времето ќе покаже дали и ковид-19 ќе влијае врз тестисите, но тоа не е симптом на кој многу од пациентите се имаат пожалено. За повеќето од нив, тестисите беа најмал проблем“, заклучил доктор Вини, хирург од Бирмингем.

Зошто од коронавирусот повеќе страдаат дебелите луѓе?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.