Знаеме за доста?: Колку шолји кафе треба да се пие на дневно ниво?

Здравје

Некои пијат затоа што им се допаѓа, а некои затоа што е мал утрински и секојдневен ритуал.

Но, дали премногу консумирање може да биде штетно за нашето здравје и дали треба да го намалиме бројот на дневно внесување кафе?

Колку кофеин е премногу?

Здравата препорачана количина на кофеин за секој ден е околу 400 милиграми, што е четири шолји кафе. Поголемите количини (се разбира, секој различно реагира) може да предизвикаат негативни и несакани ефекти како анксиозност, вртоглавица, висок крвен притисок итн. Едно истражување спроведено во Британија покажа дека речиси секој петти Британец пие пет или повеќе шолји кафе дневно, пренесувa “Mirror”.

Кофеинот е познат по тоа што ни дава енергија, бидејќи предизвикува ослободување на адреналин. Со намалување на внесот, природно ќе го намалите ова ниво на адреналин и ќе ги ублажите придружните симптоми на анксиозност и стрес. Обидете се со алтернативи на кофеин, како што се билни чаеви.

Пиењето многу вода исто така може да ви помогне да го намалите внесот на кофеин, но и ќе ви го подобри сонот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.