ОВА се најнегативните хороскопски знаци: Буквално СИТЕ ги избегнуваат!

„Тешки“ во секој поглед

Постојат луѓе кои, поради тешки животни ситуации, развиле трајно циничен и горчлив пристап кон животот, поради што не е лесно да се биде во нивно друштво.

Станува збор за следниве хороскопски знаци:

ОВЕН
Кога луѓето родени во знакот на Овен се под стрес, тие прават сите околу нив да бидат под стрес! Стануваат хипер-агресивни и досадни и воопшто не се двоумат да им го расипат денот на сите околу нив со својот лош став и постојано жалење.

БЛИЗНАЦИ
На Близнаците често им е тешко да донесат правилни одлуки. Кога ќе изберат погрешна работа поради нивната неодлучност, стануваат вознемирени и досадни. Во моменти како овие, тие не се баш најдобрите луѓе за дружење.

ДЕВИЦА
Девиците се свесни и совесни. Тие веруваат дека, бидејќи се перфекционисти, имаат право да доминираат во однос на другите и отворено да ги критикуваат на остар начин, без да размислат дали некого ќе повредат. Тие честопати можат премногу да се занесат во критиките и да ги повредат своите најблиски.

ВОДОЛИЈА
Водолиите сметаат дека се супериорни во однос на другите. Даваат горчливи и цинични коментари и на крајот се дистанцираат од другите луѓе.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.