За три дена минус пет килограми: Диета со компири и јогурт

Разликата помеѓу помфрит и варен компир е огромна. Втората варијанта е далеку поздрава

Фото: Daily Health Guard

Главна состојка во оваа диета се компирите. Исто така, диетата го вклучува и јогуртот во исхраната, а ако ги следите инструкциите можете да изгубите и до пет килограми за само три дена.

Компирот содржи многу витамини и минерали, а поради растителните влакна во својот состав, ја забрзува работата на цревата и го олеснува варењето на храната.

Сто грама компири содржат само 75 калории, што е помалку од чаша цеден сок од портокал, кој содржи 90 калории. Од друга страна, јогуртот ја регулира работата на системот за варење, со што се отстранува вишокот течности и отрови од организмот.

Фото: Getty Images

Ваков начин на исхрана е дозволен само во период од 3 дена, не повеќе, за кои можете да ослабите дури и до 5 килограми.

За време на диетата се јадат варени компири и се пие јогурт. Скробот од компирите заедно со млечната киселина обезбедуваат минимална дневна доза на калории.

Кога ќе дојде во контакт со вода, скробот набабрува во желудникот, а со тоа дава чувство на ситост.

Режим на исхрана:

Ден 1

Појадок: 1 варен компир без сол, 1 чаша јогурт
Ручек: 2 варени компири без сол, 1 чаша јогурт
Вечера: 2 чаши јогурт

Ден 2

Појадок: 1 чаша јогурт
Ручек: 2 варени компири без сол, 1 чаша јогурт
Вечера: 1 варен компир без сол, 1 чаша јогурт

Ден 3

Појадок: 1 варен компир без сол
Ручек: 1 варен компир без сол, 1 чаша јогурт
Вечера: 1 чаша јогурт

Разликата помеѓу помфрит и варен компир е огромна. Втората варијанта е далеку поздрава.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.