Сочен посен ролат со спанаќ: Предјадење што ќе го правите и кога не се пости!

Вкусот е совршен!

ФОТО: CooKing

Спој на вкусни, меки кори и кремаст фил

Ролатите се прават лесно и многу убаво изгледаат на свечените трпези. Интересно е што посните ролати се многу лесни (не содржат јајца, млеко), побрзо се приготвуваат, а многу се вкусни.

Денес, ви го предлагаме овој сочен посен ролат со спанаќ и туна!

Состојки:

За кората

  • 150 грама брашно
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 200 грама спанаќ
  • 200 милилитри кисела вода
  • 2 лажици масло

За филот

  • 1 конзерва туна
  • 100 грама посен мајонез
  • малку оригано по вкус
Приготвување:

Варете го спанаќот 15-тина минути во солена вода, исцедете го и оставете го да се излади, па почнете да ја приготвувате кората.

Вклучете ја рерната да се грее на 200 степени. Во поголема чинија сипете брашно, додајте лажичка сол и лажичка прашок за печиво, па измешајте. Додајте го спанаќот, соединете, па постепено додавајте 200 милилитри кисела вода. На крај, додајте и 2 лажици масло, измешајте, па сипете ја смесата во поголем плех, подмачкан и обложен со хартија за печење.

Убаво распоредете ја смесата насекаде на хартијата и ставете ја да се пече 10 минути. Кората е тенка, па брзо ќе биде готова. Со хартијата завиткајте ја кората во ролат и замотајте го во влажна крпа. Тргнете го да се лади, а за тоа време пригответе го филот.

Исцедете ја туната од вишокот масло, па измешајте ја со посен мајонез и малку оригано. Одмотајте ја кората, внимателно одвојте ја од хартијата и премачкајте ја со фил, но внимавајте да не одите до рабовите, за да не ви истече филот. Повторно замотајте ја во влажна крпа и ставете ја во фрижидер барем три часа, за состојки убаво да се поврзат.

Исечете го изладениот ролат на кругови и послужете го.

Добар апетит!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.