Веќе 2 децении е хит во светот: Диетата со зелка може да стопи и до 5 кг за 7 дена! (МЕНИ)

План за исхрана

ФОТО: Getty images

Доведете ја линијата до совршенство

Диетата со зелка се смета за еден од поздравите режими на исхрана, со низок удел на масти и калории, а овозможува симнување и до 5 килограми за 7 дена. Оние што се придржувале до овој режим на исхрана велат дека дава одлични резултати, па не е ни чудо што веќе 2 децении е хит во светот.

Најважниот оброк во денот е нискокалоричната чорба од зелка која поттикнува брзо согорување маснотии.
Додека се придржувате до оваа диета, дозволено е да јадете и друга храна со помалку калории, додека треба да ги исфрлите шеќерот и храната како печен компир, банана и слично првите 3 дена.

Па така, главниот оброк е супа од зелка и се приготвува на следниот начин:

  • Иситнете зеленчук, како морков, зелена пиперка, кромид, домат, печурки, зелка и целер на коцки.
  • Во тенџере ставете кромид и малку масло и динстајте неколку минути. Потоа, додајте исечкан зеленчук.
  • Додајте 6-7 шолји вода во садот и оставете ја да зоврие. Намалете ја температурата на средна и оставете го зеленчукот да се вари. Варете додека зеленчукот стане мек, околу 45 минути.
  • Можете да додадете сол и бибер по желба.

Вака изгледа планот за исхрана за 7 дена:

Прв ден

Супа од зелка и овошје по избор, само не се дозволени банани. Пијте многу течности, а се препорачува вода, незасладен чај или црно кафе.

Втор ден

Супа и зеленчук, количината не е ограничена, важно е да не чувствувате глад. Јадете зелен зеленчук, а одбегнувајте пченка, грашок и други мешунки. За вечера можете да испечете компир. Овој ден забрането е да јадете овошје.

Трети ден

Со супата од зелка можете да комбинирате овошје и зеленчук по избор, но не и намирници кои содржат многу јаглехидрати (на пример компир).

Четврти ден

Освен чорба од зелка, можете да изедете најмногу четири банани и да консумирате немасно млеко во неограничени количини.

Петти ден

Супата од зелка е задолжителна, а дозволен е и еден оброк од 300-500 г немасно пилешко или говедско месо и салата од домати (максимум 6 домати). Во текот на денот треба да испиете 1,5 до две литри вода, што ќе го подобри измивањето на вишокот киселини од организмот.

Шести ден

Барем една порција супа од зелка, немасно пилешко или говедско месо и многу зеленчук. Шестиот ден не е дозволено да се јаде компир.

Седми ден

И последниот ден од диетата, супата од зелка е задолжителна, а гладот можете да го намалите и со порција интегрален ориз и зеленчук. Дозволено е да пиете незасладен овошен сок.

Напомена: Се препорачува оваа диета да се држи 7 дена, по што треба да се направи пауза од минимум 2 дена.

Диета од соништата: Со овој режим килограмите исчезнуваат за три дена, а главната состојка е слатка! (МЕНИ)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.