Правила за шминкање за жени во зрели години

Фото: Getty Images

Шминката служи да го потенцира она што го имаме и да го скрие она што не го сакаме, но многу често наместо да биде нашиот најдобар сојузник, станува најголемиот наш непријател, најчесто во оние зрели години кога сакаме да изгледаме што е можно помладо, па затоа добиваме контраефект. А за да не се случи тоа, ви откриваме неколку корисни трикови со кои нема грешка…

Пудра со сјајни честички

Зрелите жени мораат строго да избегнуваат тешки пудри, бидејќи тие ќе направат лицето да изгледа безживотно и уморно. Пудрите со густа текстура се вовлекуваат во мали брчки, па наместо да ги кријат трагите на стареење, тие го прават токму спротивното. Најдобар избор за зрела кожа се пудри со треперливи честички, средна покриеност.

Кармин во природна боја на усните

Најдобар избор се кармини во природни тонови, кои ќе ги истакнат усните на вистински начин, а истовремено ќе му дадат и свежина на лицето.

Користете неутрални нијанси

Време е да заборавиме на нијансите како сина, зелена или бордо. Боите како крем, светло розева или слонова коска ќе ги отворат очите и ќе ги сокријат сите траги на стареење. Исто така, масните сенки се апсолутно забранети. Наместо тоа, изберете свилени текстури.

Внимавајте со руменилото

Секогаш бирајте ги оние во розови нијанси. Само тогаш ќе изгледате свежо и младешки.

Хајлајтерот е вашиот најдобар сојузник

Доколку нанесете само малку хајлајтер веднаш над јаболчниците, за еден момент ќе изгледате многу помладо.

Прочитајте и: Шминкерка на познати личности има совети како визуелно да ги намалите отечените подочници со шминка

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.