Шминкерка на познати личности има совети како визуелно да ги намалите отечените подочници со шминка

Совршен изглед

Подочниците, судејќи според Тик Ток, стануваат вистински хит, но од друга страна има и група луѓе кои по секоја цена сакаат да ги покријат.

Количината на сон и храната што ја консумирате може да влијаат на изгледо, но секако – шминката е тука како последен чекор што ќе ви помогне. Постојат неколку начини да се нанесе коректор во областа на очите, во зависност од тоа што сакате да покриете (промена на бојата, подпухналост, „вреќи“ под очите).

Веруваме дека сите веќе знаете за класичната техника на точки за осветлување на областа околу очите, онаа со цртање триаголник и примена на точки на коректор од внатрешниот до надворешниот агол на окото, но дали тие помагаат кога имаме темни „вреќи“ под очите? Иако се чини логично дека само примена на посветол коректор во темна област помага (можеби тоа е доволно за некои), тоа не е толку едноставно. Оние кои имаат проблеми со подпухнатост, и ставаат светол коректор над отечената област, всушност само ја истакнуваат таа област. Мери Ирвин, шминкерка на славни личности, сподели трик за да го реши овој проблем на своите клиенти.

„Размислете како го контурирате лицето – ги потенцирате деловите што сакате да ги потенцирате со светлина, а ги намалувате и продлабочувате со темни нијанси. Истото можеш да го направите и со областа околу очите“, вели таа. Сè што ќе треба да направите е да купите потемна нијанса на коректор, како и да додадете длабочина. „Ако имате потечени темни кругови, користете посветол коректор веднаш под потечените темни кругови затоа што визуелно ќе го нагласи тој дел и потемна сенка директно на отечениот дел што ќе добие длабочина. Тоа е визуелен трик за да ви помогнеме во „крупните“ кругови под очите“, заклучува таа.

Дури и ако немате проблем со отечени подочници, две нијанси на коректор ќе ви помогнат да изгледате што е можно поприродно.

Прочитајте и: Оживејте ја сувата кожа: Ефективен домашен пилинг

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.