Диета од соништата: Со овој режим килограмите исчезнуваат за три дена, а главната состојка е слатка! (МЕНИ)

Пробајте!

Одличен режим

Поради големиот број хранливи состојки, медот треба да го консумирате секој ден, а колку може да биде корисен ако ви е неопходна диета – дознајте сами!

Нутриционистите советуваат пред почетокот на диетата да набавите и користите мед со проверен квалитет, а предност имаат темните видови мед. Ако ја следите оваа диета, може да изгубите 2 до 3 килограми за само 3 дена.

Прв ден

Појадок: 2 живи жолчки измешани со лажиче мед. Со оброкот пијте чај со лимон или кафе без шеќер.

Ручек: 100 г сирење. 50 г варени моркови, 50 г варени брокули и 50 г варен карфиол. Сето тоа измешајте го во блендер и направете крем. Како додаток пијте чај или кафе со 1 лажиче мед.

Вечера: шолја бистра супа од зеленчук, парче интегрален леб и 1 јаболко/круша/портокал.

Пред да си легнете, испијте чај со лимон.

Втор ден

Појадок: исто како првиот ден.

Ручек: направете крем од едно меко варено јајце, лажица мед и 100 г младо сирење. Со оброкот пијте чај со лимон или кафе.

Вечера: 150 г риба или пилешко филе, мала чинија салата од зеленчук и чај со лимон.

Трет ден

Појадок: исто како првиот ден, плус едно јаболко.

Ручек: 50 г сирење, парче ржан леб и чинија свеж зеленчук со лимонов сок.

Вечера: 300 г варен зеленчук, едно меко варено јајце и шолја чај со една лажица мед.

Напомена: Секој ден задолжително изедете половина лимон.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.