Вака треба да се храни жената по 50-та година: Тврдење на нутриционист!

Совет од експерти

Фото: Unsplash

Во овој период од животот сè се менува, па и начинот на исхрана

По 50-та година сè се менува, метаболизмот се забавува, телото губи мускули, коскената маса се проретчува, а кожата забрзано пропаѓа. За да се забават сите овие процеси, неопходна е промена на менито и стекнување здрави навики.

Околу 50-та година, телото годишно губи по еден или два проценти од мускулната маса. Луѓето кои отсекогаш јаделе балансирани оброци, во повозрасниот животен период нема да мораат драстично да ги менуваат навиките, но и тие ќе мораат да воведат некои помали промени.

Дневните енергетски потреби се намалуваат за 10 отсто на возраст од 51 до 75 години, а потоа се намалуваат за уште 10 отсто на секои 10 години.

„Со оглед на тоа што луѓето во овој период од животот најчесто се и физички помалку активни, дневно им требаат 600 калории помалку“, објаснува германската нутриционистката Улрик Грохман, напоменувајќи дека луѓето од третата животна доба кои ќе продолжат со истите прехранбени навики, со текот на времето значително ќе ја зголемат тежината.

По 50-та година, потребно е да се намали калорискиот внес, но и да се воведат повеќе протеини во исхраната. Најдобар извор се пилешкото, мисиркиното и рибата. Исто така, пожелно е да се јаде јогурт и кисело млеко во големи количини.

Наместо бел леб, пожелно е да се јаде оној од цело зрно, но треба да се ограничи количината и на овој производ.

„На организмот му треба еднаква количина на витамини и минерали, поради што постарите лица треба да консумираат храна богата со хранливи состојки, што значи дека пожелно би било да се зголеми количината на зеленчук“, заклучува таа.

Истражувањата докажаа дека луѓето на кои им недостасува оваа супстанца се повеќе склони кон депресија: 6 намирници што ќе ве направат среќни!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.