Рецепт за посен потаж од Кортни Кокс: Актерката направи вкусно јадење со праз (ВИДЕО)

Рецепт

Кој ја гледаше серијата „Пријатели“ знае дека Кортни Кокс ја играше улогата на професионалната готвачка Моника.

Кортни во приватниот живот често е во близина на кујната, а рецептите неретко ги споделува со следбениците на Инстаграм.

Познатата актерка сега сподели рецепт за посен потаж, кој е направен од праз и тиквички.

Состојки:

4 големи тиквици

1,5 шолји индиски ореви

8 шолји супа од зеленчук

1 лажица мелена пиперка

2 парчиња праз

3-5 чешниња лук

Приготвување:

Пред да почнете, потопете ги индиските ореви и оставете ги да се киснат еден час.

Во тенџере, ставете маслиново масло и посолете, па додајте ги чешнињата лук. Празот претходно мора да го исечкате, додајте го и динстајте го некои 5-10 минути додека омекне.

Исчистете ги тиквичките, па исечкајте ги на кругови и додајте ги. Посолете и ставете бибер, па на крај мелената пиперка.

Додајте коцка супа и индиски ореви кои претходно сте ги исцедиле. Оставете смесата да се вари, па поклопете и гответе околу 45 минути.

Изблендирајте се’ на крај и ќе добиете хомогена смеса. Послужете ја топла и уживајте!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Courteney Cox (@courteneycoxofficial)

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.