Се огласи Ким Кардашијан откако кампањата на „Баленсијага“ го потресе светот: „Бев шокирана и огорчена“

Шоубизнис

Познато е дека Ким Кардашијан со задоволство носи парчиња од брендот Баленсијага.

Шпанската модна куќа „Баленсијага“ веќе со години влегува во редот на најлуксузните брендови. Нејзините парчиња ги носат најистакнати личности, но сепак често е цел на критика поради апсурдните модели.

Дизајнерите сега отидоа неколку чекори напред, дури и предалеку. Брендот неодамна ја претстави новата рекламна кампања, а овој пат во центарот на вниманието се децата, но не на симпатичен начин…

Ким Кардашијан, која со компанијата соработува веќе неколку години, се огласи неколку дена откако компанијата веќе се извини за скандалот. Таа чекаше бидејќи сакала прво да разговара со дизајнерите за да може да разбере како дошло до тоа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Бев тивка последниве неколку дена, не затоа што не бев шокирана и огорчена од неодамнешната кампања на „Баленсијага“, туку затоа што сакав прво да разговарам со нивниот тим за лично да разберам како можеше тоа да се случи, почна изјавата на Ким на својот Инстаграм и продолжи:

Како мајка на четири деца, ме потресоа вознемирувачките фотографии. Безбедноста на децата мора да се почитува и ништо против тоа не би требало да има место во нашето општество – точка, беше остра Ким.

Ким по директниот разговор со самите дизајнери рече дека ги почитува нивните чекори по кампањата, која предизвика бура во јавноста:

Почитувам што Баленсијага ја запре кампањата и што упати извинување. Верувам дека ја сфатија сериозноста на проблемот и дека ќе ги преземат неопходните мерки за тоа никогаш повеќе да не се повтори“, додаде Ким.

Во второто стори, и на Инстаграм и на Твитер, Кардашијан изјави дека ќе го преиспита својот однос со модниот бренд, но се` уште не донела цврста одлука.

Што се однесува до мојата иднина со „Баленсијага“, моментално го преиспитувам односот со брендот, базирајќи го на нивната подговеност да ја прифатат одговорноста за нешто што никогаш не требаше да се случи и очекувам да преземат нешто за да ги заштитат децата, заврши таа.

Ким Кардашијан често носи „Баленсијага“ на големите настани и во минатото учествуваше во неколку кампањи на брендот. Таа е всушност нивен најпознат модел.

До соработката дојде бидејќи нејзиниот поранешен сопруг, Канје Вест, ја запозна со креативниот директор на „Баленсијага“, Демна Гвасалија.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.