Овие намирници ги чистат артериите на природен начин

За подобро здравје

Кога размислуваме за кардиоваскуларно здравје или здравје на срцето, она што навистина нè загрижува е одржување на здравјето на нашите артерии. Кога се таложат плакети во овие критични пролази, ограничен е правилен проток на крв, што на крајот може да доведе до срцев удар.

Но, не мора да имате срцев удар за да ги почувствувате ефектите од некои кардиоваскуларни заболувања. Кога овие артерии стануваат запушени, вашето срце не добива доволно крв, што предизвикува болка во градите, чувство на тежина и останување без здив.

Добрата вест е дека не мора да започнете некоја луда строга диета за да ги исчистите артериите. Само посегнете кон храна богата со антиоксиданти, здрави масти и што е најважно, растителни влакна.

Еве неколку видови на храна кои можат да ви помогнат во тоа:

Здрави масти

Огромната маркетинг кампања од 1980-тите укажуваше на маснотиите како демон што ја зголемува тежината, но реалноста е покомплексна. Истражувањата сега укажуваат дека шеќерот е вистинскиот виновник. Се разбира, маснотиите треба да се консумираат во умерени количини, и важно е да се јаде вистинскиот вид. Заситените масти во хамбургери и пржена храна не се добри за вашите артерии, но мононезаситениот тип го намалува лошиот холестерол и ве штити од срцев удар или мозочен удар.

Авокадото е полно со здрави масти кои ги балансираат нивоата на добар и лош холестерол со отстранување на лошите од артериите.

Масни риби како што се лососот, туната и скушата се одличен избор за јадење здрави незаситени масти. Рибата е богата и со омега-3 масни киселини кои можат да ги намалат нивоата на штетни триглицериди во вашите артерии.

Јаткастите плодови се фантастични како закуска. Имаат голема количина незаситени масти, но и витамини и растителни влакна.

Антиоксиданти

Оксиданти, подобро познати како слободни радикали, се нуспроизвод на употреба на кислород во нашите тела. Тие исто така се интернизираат кога пушиме, дишеме загаден воздух или минуваме премногу време на сонце.

Тие го нарушуваат здравјето на целото тело, вклучувајќи ги и артериите. Јадењето храна богата со антиоксиданти помага затоа што овие супстанции се врзуваат за слободни радикали и ги спречуваат да прават штета.

Храна богата со антиоксиданти:

Куркума е ароматичен зачин кој му дава на карито карактеристичен вкус и боја. Покрај тоа, таа е богата со антиоксиданти, кои можат да поправат оштетување на ѕидовите на артериите и да го намалат воспалението низ целото тело.

Агрумите се богати и со антиоксиданти и со витамин Ц, кој игра клучна улога во здравјето на срцето. Целта е секој ден да јадете барем едно или две агруми или да пиете вода со лимон во текот на денот.

Исто така, треба да вклучите калинка во вашата диета. Докажано е дека таа ги чисти артериите и го подобрува протокот на крвта.

Влакна

Влакната се важен елемент во исхраната затоа што, меѓу другото, може да го намалат крвниот притисок и лошото ниво на холестерол. Влакната се незапирливи и се протегаат низ целото тело, влечејќи со себе низа лоши работи кои не сакате да останат во вашето тело.

Постојат два вида влакна: нерастворливи и растворливи. Растворливите влакна се раствораат во вода во еден вид гел, кој помага во намалување на холестеролот и шеќерот во крвотокот. Нерастворливите влакна хранат здрави бактерии во цревата и исто така привлекуваат вода во дебелото црево што го олеснува поминувањето на столицата.

Храна богата со растителни влакна:

Целите зрна се клучни затоа што се покажало диета богата со нив помага да се спречи опасно задебелување на ѕидовите на артериите.

Зеленчукот и овошјето генерално содржат многу растителни влакна, но брокулата е еден од најдобрите избори доколку сакате да ја збогатите вашата исхрана со растителни влакна.

Пуканките се одлична закуска ако не ги натопите во путер и сол.

Прочитајте и: Чаша од оваа напивка на празен стомак ќе направи чуда за организмот: Го намалува холестеролот и крвниот притисок!

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.