Зошто мажите се опседнати со големината на нивната „гордост“?

Која е причината?

Тој постојано го мери. И не само својот, туку и нечиј туѓ, во тоалетот или на плажа. Експертите објаснуваат зошто…

Мажите имаат целосно искривена слика за нормална големина

Дали знаете колку нормални жени стојат пред огледало секое утро и заклучуваат колку се дебели (иако секако дека не се)? Па, мажите ја прават истата работа, само со пенисот. Тие стојат пред огледалото и се мерат, незадоволни од големината на нивната „гордост”. Иако тој е, според неодамнешната студија, кај повеќето мажи доста просечна големина.

Тие сакаат да се натпреваруваат и да се шегуваат на сметка на нивниот пенис

Мажите сакаат да се споредуваат едни со други и да доживеат сè како еден вид конкуренција, така што големината на пенисот порано или подоцна ќе дојде „на тапет“, особено кога уринираат заедно во природа или на плажа, во тесни гаќички.

Тие гледаат премногу порнографија

Пристапот до порнографска содржина денес е скоро неограничен. Се согласуваме дека порнографијата може да биде забавна, но целосно ја нарушува сликата на реалноста. Во неа, секој има големи долги „алатки” околу кои жените се борат и доживуваат оргазам веднаш штом ќе започне сексуалниот однос. Но, животот не е филм.

Прочитајте и: Мажите обожаваат женски оргазам поради овие 5 причини

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.