Нутриционист разбива митови: За овие два производа мислите дека не се здрави, но ги чуваат срцето и белите дробови

Секаде може да се најдат

Во продолжение прочитајте кои заблуди за храната треба веднаш да ги заборавите

Моника Реинагел, позната нутриционистка која често дава совети за здрава исхрана, разбила некои митови за храната.

Таа открила кои производи, иако мислиме дека не се здрави, всушност треба почесто да ги консумираме.

Парче месо

Црвеното месо има лоша репутација од сосема погрешни причини. Парче говедско и свинско се богати со нутритивни вредности и поради тоа, добри се за здравјето на срцето.

Црвеното месо е добар извор на протеини, железо, витамин Б, цинк и останати нутриенти, односно содржи и мононезаситени маснотии, слични на оние од маслиново масло. Па затоа, се препорачува негово консумирање.

Свинска маст

Бројни истражувања покажале дека свинската маст има 33% помалку заситени масти од путерот и двапати повеќе од оние добрите мононезаситени и три пати повеќе омега 3 масни киселини. Свинската маст е одличен извор на витамин Б и минерали. Ги штити белите дробови, лекува кашлица и бронхитис, а добра и за лекување гинеколошки проблеми.

Иако нутриционистката советува дека примарен извор на маснотии треба да остане маслиновото масло, не гледа ништо лошо во тоа свинската маст да биде втора на листата.

Компир

Спаѓа во скробни производи и е полн со витамини и минерали кои се добри за здравјето. Ако ја намалувате количината на соли, треба да ја зголемите количината на калиум, а тоа ќе го направите токму со консумирање компир.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.