Отстрануваме митесери: Домашни ленти за чистење пори

Тајни за убавина

Многу жени се мачат со проширени пори и црни точки на лицето. Често самите се борат со тоа, истискувајќи ги, што не смее да се прави! Воспалението на кожата и лузните уште повеќе ќе го расипат лицето. Но постои одличен и едноставен метод, за кој нема никаков трошок.

ДОМАШНИ ЛЕНТИ ЗА ЧИСТЕЊЕ ПОРИ

За ова ќе ви требаат желатин и млеко (до два процента маснотија). Измешајте ги во сооднос 1 : 1. За носот и подбрадокот сосема е доволно половина лажиче. Соединувајте ги постепено, смесата не смее да биде течна. Потоа извалајте грутчиња и ставете ги во микробранова печка на 10–15 секунди. Додека се формира смесата, лицето исчистете го со лосион што содржи алкохол, а рацете добро измијте ги со сапун.

Извадете ја смесата од микробрановата печка и со помош на четкичка нанесете ја на проблематичните делови на кожата. Најдобро е да ја ставите во неколку слоја, за да биде подебела. Почекајте 10–15 минути, додека се исуши, па дури потоа можете да го отстраните овој филм. Додека ја држите маската, бидете сосема мирни. Кога ќе се стврдне целосно, поткачете ја и влечете ја по должината на лицето.

Доколку сѐ сте направиле правилно, по процедурата ќе ги видите сите свои митесери на неа.

Глетката не е многу пријатна, но уште полошо е такво нешто да носите на лицето. Жените со тенка и осетлива кожа не треба да прават премногу густа смеса и да нанесуваат многу слоеви, додека оние на кои кожата им е многу груба, пред процедурата треба да ја напарат со врела мокра крпа за да се отворат порите. Најдобро е по третманот, лицето да го натапкате со тоник и да нанесете благ крем.

ШТО Е ЖЕЛАТИН?

Желатинот е природен продукт од преработка на сврзувачкото ткиво на животните (колагенот). Молекулите на желатинот се способни да продрат длабоко во кожата и затоа ефектот од таквата маска е долгорочен и скапоцен.

Во козметологијата многу широко се користат средствата со колаген, но обликот што го содржат не може да продре длабоко во кожата бидејќи молекулите се преголеми. Желатинската маска во домашни услови дури е попожелна отколку скапите процедури во салоните.

ЖЕЛАТИНСКА МАСКА ЗА ЗАТЕГНУВАЊЕ НА ЛИЦЕТО

Маската од желатин можете да ја ставате на целото лице. Во тој случај треба да направите потечна смеса. Најважно правило е во текот на приготвувањето на маската од желатин да не додавате ништо додека се раствори желатинот во водата. Соодносот на желатинот и течноста е 1 : 5-8 (на едно лажиче желатин одат од пет до осум лажичиња ладна вода или млеко).

* Едноставна маска. Желатинот потопете го во млеко. По половина час стопете го на водена пареа и оставете да се олади за да може маската да се нанесе на кожата. За нанесување користете четкичка. Заобиколете ја областа на капаците и устата. Маската отстранете ја по 20 минути и нанесете крем. Оваа маска добро ќе ги стесни порите, ќе ја освежи кожата, ќе ја затегне и ќе ја подмлади.

* Маска за сите типови кожа. Приготвувањето на водена пареа е исто како за претходната маска. Меѓутоа, на едно лажиче желатин треба да додадете и една лажица кисело млеко и едно лажиче брашно. Мора да се добие густа смеса. Маската нанесете ја додека е топла, но пред тоа исчистете ја кожата и нанесете хидрантен крем, па дури потоа маската во еднаков слој. Држете ја на лицето додека се исуши целосно. И не правете никакви мимички движења.

! По маската на лицето некое време држете парчиња краставици или истријте го со парче лубеница, парче грозје или јаболко. По 10–15 минути лицето повторно измијте го со вода и нежно нахранете го со крем, особено доколку е кожата склона на затегнување и сувост.

Текст: Руски доктор

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.