Неправедно занемарен, а исклучително важен за здравјето: Организмот не може нормално да функционира без овој витамин!

Биотин

Како последица на дефицит од овој витамин, косата опаѓа и се јавуваат промени на кожата

Сите витамини имаат своја улога во функционирањето на организмот и не може да се каже за ниту еден витамин или минерал дека е неважен.

Како последица од пандемијата на коронавирус, сите научивме многу за витамините и нивната улога во зачувувањето на здравјето. Како главни витамини се споменуваат витамините Ц, Е и Д.

Меѓутоа, има уште многу моќни витамини за кои не се зборува и кои се неправедно занемарени, а поволно дејствуваат на целиот организам. Таков е и витаминот Б7, кој уште се нарекува и биотин, а кој има важна улога во создавањето енергија што им е потребна на клетките. Исто така, Б7 е важен и за одржување на нормалното ниво на шеќер во крвта.

Одговорен е и за претворање на храната што ја јадеме во енергија, а со самото тоа и за нормалното функционирање на метаболизмот. Ја подобрува нервната сигнализација, мемориската функција и генерално здравјето на мозокот. Докажано е дека може да помогне во регулирањето на холестеролот.

Освен тоа, многу е важен за убавиот изглед на косата, кожата и ноктите.

Симптомите што може да се јават како последица на недостиг од овој витамин се промени на кожата, сув и масен кожен осип, опаѓање на косата, повраќање, мачнина, губење апетит, замор, исцрпеност…

Доколку забележувате вакви симптоми, секако би требало да одите на лекар и да го проверите нивото на овој витамин.

Витаминот Б7 се содржи во многу намирници кои пожелно е редовно да ги има на вашето мени. Еве за која храна станува збор:

  • пилешко месо
  • леб
  • риба
  • жолчка
  • печурки
  • морков
  • леќа
  • карфиол
  • чоколадо
  • банана

Она што би требало да го имате на ум, особено ако имате дефицит од овој витамин, е дека неговата апсорпција ја намалуваат кафето, алкохолот и антибиотиците.

За подобро здравје, сега и во иднина: 5 витамини кои се неопходни за секоја жена по 35-та година!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.