Пред 21 година ја освоила титулата „Мис на светот“: Вака изгледала најубавата Индијка пред пластичните операции!

Погледнете

Фото: Getty Images

„Денес, кога ќе се погледнам во огледало, повеќе не се чудам. Се помирив со малку поинаквата слика од себе“, признала актерката

Пријанка Чопра победи на изборот за „Мис на светот“ во 2000 година. Оттогаш нејзината кариера тргна по нагорна линија, добиваше бројни ангажмани и денес е една од најуспешните индиски актерки.

И 21 година подоцна, нејзината величествена убавина никого не го остава рамнодушен, а сега покажа фотографија од тинејџерските денови, кога изгледала потполно поинаку.

„Срамежлива? Никогаш не слушнала за тоа!“, напишала шеговито Пријанка која не случајно споделила фотографија од младоста токму сега.


Имено, 38-годишната актерка неодамна ги објави мемоарите Unfinished во кои открива како операцијата на носот поради полип сериозно ѝ го променила изгледот.

Откако победила на изборот за Мис, подлегнала на хируршко отстранување на полип од носот, а хирургот ѝ го променил и изгледот.

„Денес кога ќе се погледнам во огледало, повеќе не се чудам. Се помирив со малку поинаквата слика од себе. Јас сум како сите оние жени што кога ќе се погледнат во огледало помислуваат дека време е за диета. Сепак, на крајот од денот, задоволна сум. Ова е моето лице и моето тело. Можеби имам недостатоци, но тоа сум јас“, рекла Пријанка.

Би можеле да се разминете со неа и да не ја препознаете! Една од најубавите жени на планетава ги изненади фановите со природниот изглед!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.