Дробена чоколадна пита: Сите ќе ви го бараат рецептот!

Феноменален рецепт

Отсега па натаму постојано ќе ја правите

Состојки:

За тестото:

  • 300 г меко брашно
  • 150 г омекнат путер на собна температура
  • 80 г шеќер
  • прстофат сол
  • прстофат прашок за печиво
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 јајце

За кремот:

  • 1/2 л млеко
  • 2 пудинга од чоколадо
  • 70 г чоколадо за готвење
  • 140 г шеќер
  • 80 г путер
  • 100 г сечкани лешници

За декорација:

  • 30 г чоколадо за готвење
  • 2 лажици мед
  • 2 лажици масло
Приготвување:

Во поголем сад сипете брашно, исечкајте путер, додајте шеќер, јајце, сол, прашок за печиво и ванилин шеќер. Од сите состојки рачно замесете мазно тесто. Префрлете го тестото на проѕирна фолија, добро завиткајте го од сите страни и истиснете го воздухот. Оставете го тестото да мирува во фрижидер еден час.

По околу половина час, пригответе го кремот. Измешајте пудинг од чоколадо со шеќер, земете 12 лажици од млекото и измешајте добро за да нема грутки. Остатокот од млекото ставете го да се вари. Кога ќе зоврие, тргнете го млекото на страна, сипете ја во него смесата за пудинг, промешајте, вратете го на рингла и варете додека смесата се згусне. Во сварениот пудинг додајте рендано чоколадо и добро измешајте за да се стопи чоколадо и да се спои со кремот.

Потоа, додајте го путерот исечкан на коцки и измешајте го со кремот. Покријте го кремот со проѕирна фолија и оставете го да се олади малку.

По еден час, извадете го тестото од фрижидер и измерете го. Одвојте една третина од тестото и сочувајте ја за подоцна. На набрашнета површина расукајте го поголемиот дел од тестото според димензиите на плехот што ќе го користите.

Подмачкајте го плехот и посипете го со брашно, па во него ставете го расуканото тесто. Ако ви останало вишок тесто, исечете го со нож. Вишокот тесто спојте го со нерасуканиот дел.

Тргнете ја фолијата од кремот, нанесете го врз тестото и добро израмнете внимавајќи на рабовите. Потоа, половина од сечканите лешници распоредете ги врз целиот крем, а одозгора изрендајте го остатокот од тестото и со прсти распоредете го низ целата површина. На крајот, одозгора посипете ги и преостанатите лешници.

Печете ја питата во загреана рерна на 180 степени, 40 минути. Оставете ја да се лади на собна температура, па украсете ја со стопено чоколадо измешано со млеко и масло.

Потоа, пред сечење и послужување, добро оладете ја во фрижидер. Уживајте!

Кремпита со јагоди: Најкремастиот десерт што сте го пробале
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.