Годините си го направиле своето: Се прослави во „Очајни домаќинки“, жените лудуваа по него, а денес изгледа потполно поинаку!

Некогаш и сега

Сите го паметиме како голем заводник

Џејмс Дентон се прослави толкувајќи ја улогата на водоинсталатерот Мајк Делфино во хит-серијата „Очајни домаќинки“. Од крајот на серијата поминаа 10 години, а актерот кого го паметиме како голем заводник, денес изгледа потполно поинаку. Имено, годините си го направиле своето, па на неговото лице може да се видат брчки, а негов заштитен знак станале очилата за вид.

Во неодамнешно интервју признал дека му ласкала титулата најсекси маж од малите екрани што ја доби кога почна да се прикажува серијата, но и дека често му било непријатно поради тоа.

„Поголемиот дел од мојата кариера глумев негативци, сѐ до ’Очајни домаќинки’. Среќен сум што бев дел од таа серија, немојте да ме сфатите погрешно. Но малку ми е непријатно поради тоа, бидејќи сцената во која останав без маица во дворот и ден денес сѐ уште ме следи“, раскажал актерот.


Откако завршило снимањето на серијата, со своето семејство од Лос Анџелес веднаш се преселил во Минесота, бидејќи не сакал неговите деца да бидат дел од таа „холивудска збрка“.

Џејмс е во брак со фитнес-инструкторката Ерин О’Брајен со која има две деца. Се појави уште во неколку серии, но сепак најпрепознатлив остава по улогата на Мајк.

Еве како изгледа денес:

Жените воздивнувале по него во 1980-те и 1990-те: Некогашниот холивудски заводник се изобличил од операции!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.