Најголемиот непријател: Вака шеќерот ги уништува вашите здравје и убавина!

Причинител на голем број здравствени проблеми!

Консумирањето шеќер предизвикува проблеми со кожата, особено на лицето

Откако ќе изедеме нешто слатко, телото лачи инсулин за да се стабилизира нивото на шеќер во крвта, но како последица од тоа, се јавува црвенило на лицето и се зголемува ризикот од воспаленија.

Токму шеќерот е причинител на разни здравствени проблеми.

Ако веќе имате проблем со акни, егзема, тогаш консумирањето шеќер може да ги влоши тие проблеми.

Шеќерот ги спречува белите крвни зрнца да се борат против воспаленија, па затоа и акните стануваат поголем проблем.

Молекулите на шеќерот се врзуваат со протеините на кожата, процес што се нарекува гликација. Проблемот настанува, бидејќи овој процес предизвикува крута и ригидна структура, па инаку флексибилните и еластични молекули ги губат своите основни својства и функционалност.

Поради оваа реакција, настануваат слободни радикали кои доведуваат до воспаленија и разбивање на колагенот и еластинот.

Резултатот од сето тоа се брчки на лицето. Ако се борите и со алергии, шеќерот може само да ја влоши ситуацијата. Дерматолозите ширум светот предупредуваат дека шеќерот предизвикува црвенило на кожата, познато како „шеќерно лице“.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.