Брз јорган-колач: Ќе ве воодушеви и со изгледот и со вкусот!

Ќе се воодушевите!

Интересен десерт што секој ќе посака да го проба

Потребни состојки:
  • 5 јајца со средна големина
  • 180 грама шеќер
  • малку ванила во прав, екстракт или ванилин шеќер
  • 125 милилитри масло
  • 300 грама брашно
  • 1 пакување прашок за печиво
  • 100 грама мелени ореви или лешници
  • 1 полна лажица какао

За кремот

  • 400 грама посно сирење (може да користите и свежо сирење и 3-4 лажици млеко)
  • 2 јајца
  • 120 грама шеќер во прав
  • 1 пакување пудинг од ванила или 40 грама густин

Приготвување:

1. Изматете ги јајцата и шеќерот додека не добиете кремава смеса. Постепено додавајте ги маслото и млекото.

2. Измешајте брашно, прашок за печиво и какао и ставете ги во смесата од јајца и шеќер. Измешајте ги рачно, со маталка. На крај, додајте и ореви.

3. Ставете го тестото во плех со големина 38х30 сантиметри обложен со хартија за печење.

4. Изматете ги сите состојки и ставете ги во шприц за десерти. Направете мало дупче (околу 1 сантиметар), бидејќи смесата е прилично течна, па полесно ќе ја нанесувате со кесичка со помал отвор. Направете дијагонални линии на испеченото тесто.

5. Печете го колачот на 175 степени во загреана рерна околу 30 минути.

6. По желба, наросете го готовиот и изладен колач со шеќер во прав и уживајте! Може да го направите овој колач и во жолта верзија, само изоставете го какаото.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.