Комбинација од моркови и мед за добар почеток на секој ден

Зимата наближува, а тоа значи дека се неопходни мали промени во исхраната, но и во сè што внесувате во организмот. Колку што е важно да ја подобрите вашата исхрана, исто толку е важно да му обезбедите на вашето тело доволно количество витамини, па затоа ви донесуваме рецепт за брза и лесна, витаминска и здрава напивка, која ќе ве „бустира“ секој ден.

Состојки:

  • 250 г моркови
  • 1 лажица шеќер
  • 3 – 4 лажици мед
  • 1/2 л млеко

Приготвување: излупете ги и изрендајте ги морковите или мелете ги во блендер. Во добиената смеса додајте шеќер, па оставете ја да отстои дваесеттина минути. Потоа, исцедете го сокот и додајте го медот, па измешајте сè добро за целосно растворање на медот. Додајте млако млеко, промешајте и – пијалакот е готов.

Прочитајте и: Храна што ги ублажува менструалните болки

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.