Како се пие чај од магдонос ако сакате да ослабите: 5 дена се доволни

Прочитајте!

Сите знаеме дека чајот од магдонос помага за намалување на масните наслаги од половината и колковите, но дали знаете како се користи оваа напивка?

Чајот од магдонос е многу здрав и народната медицина го препорачува за лекување воспаленија на мочните канали, болести на бубрезите, но и за слабеење.

Оние што го пробале тврдат дека многу им помогнал, но овој чај не е волшебен – килограмите ќе се намалат само ако се придржувате до овие правила:

1. Правете чај од свеж магдонос

2. Пијте го со додаток сок од лимон

3. Консумирајте го секој ден во период од 5 дена, а потоа направете пауза од 10 дена

4. Во периодот на пиење чај – вежбајте. Половина час шетање секој ден е доволно.

5. За време на периодот на пиење чај, исфрлете ги од исхраната благото, преработените производи и јадете само готвена, чорбеста храна.

6. Во периодот на пиење чај, пијте многу вода (околу 3 литри).

Како да направите чај од магдонос?

Во врела, зовриена вода, додајте грст ситно сечкан свеж магдонос. Тргнете ја водата од рингла и поклопете го садот. Оставете го чајот да се олади. Исцедете го и пијте го во текот на денот со додаток сок од лимон (никако не го засладувајте чајот со шеќер, а ни со мед).

Во текот на денот испијте половина литар од овој чај.

Никако немојте да јадете после 18 часот.

Доколку одлучите да ја регулирате тежината на овој начин, споделете ги резултатите со нас!

Рецепт за долг живот: Го снижува холестеролот, ги штити клетките и нервниот систем!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.