Рецепт за долг живот: Го снижува холестеролот, ги штити клетките и нервниот систем!

Штити и од канцер!

Стебленцата целер и нивниот сок се сметаат за најздравата течност што можете да ја внесете во организмот

Сокот од стебленцата на целерот е полн со хранливи материи и е една од најздравите течности, поради тоа што е многу алкален, ја враќа во рамнотежа Ph-вредноста на организмот, кој поради индустриски преработената храна многу почесто е кисел одошто базен.

Листовите на целерот се богати со витамин А, додека петелките се богат извор на витамини Б1, Б2, Б6 и Ц, калиум, фолна киселина, калциум, магнезиум, железо, фосфор, натриум и есенцијални аминокиселини. Покрај тоа, листовите и стебленцата на целерот се полни со растителни хормони и имаат вредни етерични масла, кои благотворно дејствуваат на нервниот систем и го смируваат.

Целерот е многу богат со натриум, кој е поинаков од натриумот во кујнската сол, што обично го користиме. Имено, кујнската сол е составено од нестопливи неоргански комбинации кои доведуваат до развој на проширени вени, оштетени артерии и други болести. Тоа воедно е и причината зошто лекарите советуваат минимално да се посолува храната. Од друга страна, натриумот од целерот се топи во вода, па телото може подобро да го искористи во целост и на тој начин да ја одржи хидрираноста на клетките.

Ова се некои од најважните својства на целерот за човечкиот организам:

Се бори против канцерогените клетки

Целерот содржи најмалку осум различни антиканцерогени состојки. Научните истражувања спроведени на еден универзитет во САД докажале дека целерот содржи бројни состојки кои го спречуваат ширењето на канцерот и го забавуваат растот и развојот на канцерогените клетки. Состојките што ги содржи целерот се моќно средство во борбата против слободните радикали, а со самото тоа и незаменлива превенција на појавата на канцер, најмногу на дебелото црево, желудникот и црниот дроб.

Го снижува холестеролот

Лабораториските истражувања покажуваат дека бутил фталидот, хемиско соединение од целерот, значајно помага во намалувањето на лошиот холестерол. Истражувачите од Универзитетот во Чикаго докажале дека целерот го намалува нивото на лошиот холестерол дури седум пати, доколку консумирате по две стебленца на ден. Се покажал и како многу ефикасен за поттикнување на излачувањето жолчна киселина од организмот, со која се елиминира лошиот холестерол.

Лаксативно и диуретичко дејство на целерот

Покрај тоа што претставува моќна превенција на овие многу опасни состојби, како канцер и покачен холестерол, целерот е одличен диуретик, помага во исфрлањето на вишокот течности од организмот, а со оглед на тоа што е многу богат со растителни влакна, помага за подобра стимулација на цревата, со што ја регулира дигестијата, ја намалува надуеноста и непријатните гасови. Покрај тоа, целерот е одличен детоксикатор и може да придонесе за исфрлање песок и камен од мочниот меур и бубрезите.

Антивоспалително дејство

Покрај веќе наброените, целерот има многу моќни антивоспалителни дејства, кои ги олеснуваат симптомите на воспаление кај ревматичен артритис, остеоартритис, гихт, астма и бронхитис, воспаленија на белите дробови и на горните дишни патишта. Исто така, научно потврдено е дека лутеолинот од целерот ја спречува активацијата на патиштата што овозможуваат појава на воспаленија во мозокот.

Го снижува крвниот притисок и ги штити крвните садови

Истражувањата потврдиле дека седумдневното консумирање сок од целер може да го снижи нивото на крвниот притисок за повеќе 10 отсто. Активните хемиски соединенија од целерот помагаат мускулите околу крвните садови да се опуштат и рашират, што овозможува полесен проток на крвта. Ова хемиско соединение исто така влијае врз намалувањето на нивото на хормонот за стрес, кој е делумно одговорен за скоковите на крвниот притисок. Сето ова придонесува за помал напор на крвните садови и намалување на оштетувањата што се јавуваат како последица на покачениот крвен притисок.

Најделотворна комбинација на намирници за сок од целер

Наједноставно е да користите соковник и да го комбинирате целерот со друго овошје и зеленчук. Целерот одлично се вклопува и се надополнува со многу други овошја и зеленчуци, што е идеална комбинација.

Состојки за сок од целер:
  • 2 грста спанаќ
  • половина краставица
  • 1/4 стебленце од целер
  • 1 гранче магдонос
  • 4 листови свежо нане
  • 3 моркова
  • 2 зелени јаболка, излупени
  • 1/4 портокал
  • 1/4 лимета (прочистува камен од бубрег)
  • 1/4 лимон (добар за сѐ, прочистува, смирува, освежува, штити од вируси)
  • малку ѓумбир

Ставете ги сите состојки во блендер и добро изматете ги. Испијте го сокот веднаш штом го направите.

Поради овој сок Новак Ѓоковиќ секогаш е здрав: Секое утро прво го пие ова!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.