Шик, елегантно и безвременско: Свилените парчиња секогаш се добра инвестиција!

Совршена за комбинирање!

Не постои ткаенина што во текот на летото повеќе ѝ годи на кожата од свилата…

Мека, мазна и пријатна, таа совршено го милува нашето тело, ја одржува температурата, прекрасна паѓа и многу е издржлива, така што парчињата од свила можат да се носат долги години. Уште една предност на свилата – безвременска е!

Свилата истовремено е елегантна и шик. Без разлика што диктираат модните писти моментално, парчињата од свила секогаш се добредојдени и никогаш не излегуваат од мода.

Свилените фустани, свилените здолништа или кошули се најлесни за стилизирање: овозможуваат бескрајно играње со текстурите, волумените и боите. Свилата може да се носи во кој било период од денот и во која било пригода.

Оваа сезона особено се издвојуваат „слип“ фустаните од свила, лежерните панталони и миди-здолништа, што трендсетерките ги носат во комбинација со предимензионирани блејзери и патики.

Еве неколку фотографии што ќе ве инспирираат…

https://www.instagram.com/p/BzYyK-bHxq4/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/Bx_r00aHEqN/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/BxA6v8Vhx8N/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/BnoCTD6imyC/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/BtrtfmDD4Lp/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/Bzp-ZC_FgzY/?utm_source=ig_embed

„Слип“ фустаните уште еднаш го освојуваат модниот трон: Еве како да ги носите како вистински трендсетерки!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.