Дерматолозите откриваат што никогаш не би ставиле на своја кожа: Овој сапун не доаѓа предвид и заборавете на гел-лак!

Прочитајте!

Грижата за рацете почнува со сапун и вода, но тука дефинитивно не е крајот на добрата нега на раце

Дерматолозите откриле кои работи никогаш не би ги ставиле на своите раце, и тоа со многу добри причини.

Антибактериски сапун

„Кога не сум на работа, одбегнувам средства за дезинфекција на раце што содржат триклозан, бидејќи постои ризик од зголемување на растот на бактерии отпорни на повеќе лекови – таканаречени супербубачки. Триклозанот исто така може да предизвика сериозна иритација на кожата и сувост. Што да користите наместо тоа? Цетафилен сапун“, вели Мајкл Хенри, дерматолог од Центар за ласерска и кожна хирургија во Њујорк.

Маникир во козметички салони

„Одбегнувам лакирање нокти. Делумно, причината за тоа е што често се среќавам со јадежи предизвикани од лак за нокти“, истакнува Лорел Гирти.

Гумени ракавици

„Носев ракавици од латекс со години правејќи истражувања, а сега ги одбегнувам, бидејќи латексот е голем алерген. Иако никогаш не сум развила алергија на латекс, таа честа кај луѓето што редовно носеле такви ракавици. Не носам ракавици ни кога мијам садови – постојат многу алтернативи“, смета Дофин Ли.

Сончева светлина и УВ-ламби за нокти

„УВ-светлината што доаѓа од сонцето или од ламбите за нокти, предизвикува кумулативно оштетување на ДНК на кожата и може да доведе до прерано стареење, па дури и до рак на кожа. Ако сакате да ја утврдите разликата помеѓу внатрешното и надворешното стареење на вашата кожа, само споредете ја кожата на вашите гради и на лицето. Кожата е со иста старост, само се разликува по количината на изложеност на сонце. Па така, за оптимално здравје на кожата ставам крем за сончање со широк спектар на СПФ 30+, 365 дена во годината“, вели Фејн Фреј.

Кремови за раце со вазелин

„Не користам кремови за раце со вазелин, бидејќи се премногу масни. Наместо тоа, одбирам нешто со глицерин – тоа е супер хидратантно, но не е масно, па можете веднаш да продолжите да ги користите рацете“, советува Дебра Џелимен.

Ланолин

„Одбегнувам кремови за раце со ланолин, кој се добива од масло од овча волна. Поврзан е со алергиски контактен дерматитис кај 2,3 отсто од луѓето, вклучувајќи ме и мене. Рацете ме пецкаат, а кожата станува црвена и надразнета, особено кога е сува и испукана, а кожната бариера загрозена“, објаснува Ципора Шејнхаус.

Гел-нокти

„Трајниот лак, како и постапката за негово отстранување, ја суши и оштетува плочката на ноктите, што доведува до истанчување, кинење и кршење на ноктите. Неговото користење одвреме-навреме е безбедно, но ставањето нови гелови секои две недели не е идеално за вашите нокти. Иако оставаат впечаток на совршени нокти и до две недели, не им прават никаква услуга на вашите нокти“, вели Ципора Шејнхаус.

Детергент за миење садови

„Силните детергенти и сапуни, како оние за миење садови, ги извлекуваат драгоцените липид од кожата и ја оштетуваат кожната бариера“, тврди Синтија Бејли.

Традиционално дезинфециско средство

„Одбегнувам традиционални дезинфициенси за раце, бидејќи тоа е главно алкохол и може многу да ја исуши косата. Наместо тоа, ги мијам рацете со хидратантен сапун или користам средство за чистење раце на хидратантна основа“, вели Сузан Бард.

Нега на кожа: Што можете да направите без да одите на козметичар?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.