Хали Бери изгледа двојно помладо ВО 6-ТА ДЕЦЕНИЈА: Исфрлила само 3 намирници, а ова е ДИЕТАТА на која се должи нејзината врвна форма

Исхрана

Познатата актерка има линија на која секоја помлада жена би ѝ завидувала, а ја откри тајната на својот изглед.

Актерката Хали Бери е како вино, како што старее, така се разубавува. Дефинитивно е една од најатрактивите актерки, а на изгледот во 55 година ѝ завидуваат многу помлади жени.

Хали има неверојатна фигура, а тајната на изгледот не ја крије од јавноста, таа смета дека клучот на успехот е здрава исхрана и редовен тренинг.

Актерката отсекогаш била пободник на здравиот живот и редовните физички активности, па не е чудно што смета дека намирниците со кои се храниме се важен дел од нашиот животен стил.

Важни промени во својата исхрана направила по дијагностицираниот дијабетес во 22 година. Поради болестите, актерката многу лесно се прости од многу намирници, а некои од нив се:

Шеќер

Во раните дваесетти години, токму пред да ми го дијагностицираат дијабетесот, бев зависна од шеќерот. Денот го почнував со слатки снегулки и разните видови корнфлекси, по што дополнително ќе се засладев со бонбони. Бев константно под влијание на шеќер, изјави Хали Бери.

Откако дознала за својата болест, свртела нов лист и од исхраната ги исфрлила слатките, десертите и го намалила внесот на овошјето. Првите неколку недели не ѝ било лесно, еднаш признала дека во тој период чувствувала силни главоболки и промени на расположенија, но по три недели, ја загубила желбата за слатки, па и вкусот целосно ѝ се сменил, како и севкупното здравје.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halle Berry (@halleberry)

Јаглехидрати

Се откажав од оризот, дури и од интегралиот, од тестенините и лебот, и можам да ви кажам дека никогаш не зажалив поради тоа. Исто така, научив многу за кето-диетата и ги заменив сите висококалорични намирници со нивните здрави алтернативи, изјави Бери.

Наместо пире, актерката јаде карфиол со путер, а еднаш призна дека дури и не чувствува разлика во вкусот. Некогаш омилените тестенини ги заменила со нудли од тиквици, па така успева да ужива во секој оброк, но според својот нов вкус.

Вино

Отсекогаш сакав вино, па тешко ми падна фактот дека и за него ќе морам да најдам замена. Сепак, многу се израдував кога го открив органското, биодинамично вино без шеќер и хемикалии, додаде Хали.

Ова вино не содржи многу шеќери, а дури и процентот на алкохол е доста помал. На овој вкус ѝ требало време да се навикне, но денес ѝ е еден од најомилените пијалаци.

На што е базирана нејзината исхрана?

Сепак, многу повеќе ја интересира што се наоѓа на нејзиното дневно мени, а во продолжение дознавате некои од примерите.

Појадокот го прескокнува, а наместо тоа пие чаша свежо цедена лимонада и кафе со малку кокосово масло. По овој ритуал, Хали е подготвена за вежбање. Таа тренира пет пати неделно по час до час и половина на ден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halle Berry (@halleberry)

Првиот оброк ѝ е меѓу 12 и 14 часот, а последниот оброк околу 21 часот, бидејќи е поборник на методот 16:8, според кој 16 часа пости, а 8 часа јаде.

Тој оброк е најчесто веднаш по тренингот и тој се состои од пилешко со многу зеленчук, како и спанаќ или кељ, или неколку јајца.

Јадам многу свеж зеленчук, пилешко, свежа риба и тестенини. Избегнувам црвено месо и го намалив внесот на овошјето, бидејќи содржи многу шеќери, објасни Хали.

Во текот на денот, грицка овошје и зеленчук. Фокусирана е на свежиот органски зеленчук, покрај парчињата целер и краставици. Што се однесува до овошјето, нејзиниот избор се боровници, јагоди, малини и авокадо.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.