Ѓердан од непроценлива вредност, совршено сако, но здолништето модна утка: Кејт Мидлтон цел на критики

Мода

Здолништето на Кејт Мидлтон не им се допадна на многумина.

Кејт Мидлтон важи за една од најдобро облечените жени во светот. Многу љубители на модата го обожаваат нејзиниот стил, а таа навистина ретко греши и го носи токму она што е соодветно за секоја пригода.

Меѓутоа, се случува и таа да направи грешка. Имено, принцезата од Велс со остатокот од кралското семејство присуствуваше на комеморацијата на Меморијалниот фестивал на Кралската британска легија во Ројал Алберт Хол во Лондон, а во согласност со пригодата, сите беа облечени во црно.

Кејт носеше кратка црна јакна со ремен кој ја истакнуваше нејзината половина, црни мокасини и црна чанта во облик на писмо.

Кадифеното здолниште со миди-должина со детали од тантела што го спои со овој црн аутфит не им се допадна на многумина. Повеќето тврдат дека едноставно не ѝ стои добро и дека изгледа како „тетка“, а некои велат дека не ѝ прилега овој модел на сако.

Кејт носеше раскошен бисерен ѓердан што ѝ го подари кралицата Елизабета, а кој припаѓаше на нејзината лична колекција.

Ѓерданот, на барање на кралицата, е направен од четири низи фини бисери кои ги добила на подарок од јапонската влада. Има голема дијамантска спојка во средината. Овој ѓердан некогаш го носеше принцезата Дијана.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.