Го нарушува изгледот и ги уништува органите: Сите го користиме овој зачин, а не сме ни свесни колку е опасен по здравјето!

Внимавајте

Доколку се користи во поголеми количини, може да остави сериозни последици

Повеќето луѓе не можат да си го замислат оброкот без сол, но треба да бидеме умерени со овој зачин. Неопходно е да се внесува сол за да може организмот нормално да функционира, но ако се пречекори препорачаната доза, може да дојде до разни компликации.

Се препорачува да се внесуваат до 6 грама во текот на денот, што отприлика е едно рамно кафено лажиче.

Еве што се случува кога ќе внесеме поголема количина од тоа:
  • Вишокот сол во телото се врзува со водата во крвта, правејќи ја крвта погуста, а тоа потоа ја отежнува циркулацијата, бидејќи срцето мора да пумпа побрзо и посилно. Како последица се јавува покачен крвен притисок, а колку е тој повисок, толку повеќе се напрегаат срцето, артериите, бубрезите и мозокот. Тоа може да доведе до срцев удар, деменција и проблеми со бубрезите.
  • Артериите се задебелуваат, што може да биде особено опасно ако се веќе затнати. Покачениот крвен притисок може да предизвика и ангина пекторис, а во тој случај, не стигнува доволно кислород до клетките во срцето.
  • Претераното внесување сол влијае штетно и врз мозокот, бидејќи циркулацијата е ослабена, што со текот на времето доведува до деменција и други болести.
  • Ако јадете многу солена храна, а препишана ви е терапија со диуретици, имајте предвид дека солта ќе ја намали ефикасноста на лековите.
  • Поради насобирањето вода, лицето станува отечено. Најчесто се појавуваат подочници кои му даваат уморен изглед на лицето.
Сол: Која е штетноста и со што може да се замени?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.