Еве што ќе се случи ако пиете јогурт по истекот на рокот на употреба!

Храната што покрај лебот и јајцата, најчесто ја конзумираме

Веројатно ви се случило барем еднаш да испиете јогурт и да сфатите дека му истекол рокот на употреба. Паниката поради страв од непријатни последици од можно труење е сосема сигурна затоа што никој не сака да поминува часови на тоалетот виткајќи се од болка.

Дали тоа навистина ќе се случи ако пиеме јогурт со поминат рок, открива нутриционистката Кери Ганс.

„Јогуртот е добар извор на калциум за зајакнување на коските, но и за здравјето на цревата поради добрите бактерии што ги содржи. Исто така е богат со протеини. Во основа, следниот пат кога ќе најдете јогурт со поминат рок, не го фрлајте затоа што датумот означен како „најдобро користен до“ не значи дека истекол технички, но дека е најдобро да се користи до наведениот датум“, тврди таа и посочува дека станува збор за квалитет, а не за безбедност.

„По истекот на рокот, јогуртот ќе стане покисел поради ферментација. Се разбира, тоа не значи дека е безбедно да се пие јогурт кој останува во фрижидер со месеци. Обично можете да јадете неотворен јогурт околу еден месец откако ќе истече неговиот рок на употреба. Ако го отворите јогуртот и го ставите во фрижидер може да трае до една недела, особено ако ставите лажица со која сте јаделе. На тој начин, микроорганизмите и бактериите од устата влегуваат во јогуртот”, тврди Ганс и открива дека најдобриот тест е дали јогуртот има добар вкус и мирис. Ако тие се добри, можете да го консумирате.

„Ако пиете јогурт кој стоел затворен и со истечен рок, тоа ќе предизвика непријатност во цревата, но тешко дека ќе се случи затоа што по вкус ќе препознаете дека не е добар“, тврди нутриционистот.

Прочитајте и: Нутриционистите открија 10 митови за исхраната

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.