Дали мислите дека едно авокадо на ден може да ви помогне да изгубите тежина?

Што велат експертите?

Можеби сметате дека е противречно да јадете храна богата со маснотии и да го намалите обемот на половината, но диететичарот Мелиса Мејер вели дека тоа може токму тоа да биде клучот.

Ако напишете „диетална храна“ во најпопуларниот пребарувач Google, ќе добиете милиони резултати во секунди. На списокот спаѓаат путер од кикиритки, банани и зелен чај, но авокадото најчесто се споменува. Со оглед на тоа што е познато дека станува збор за храна полна со маснотии, многумина се збунети од предлогот, па диетичарот Мелиса Мејер објасни за што станува збор.

„Авокадо е полно со здрави мононезаситени масни киселини и победник во однос на здравствените придобивки на срцето и мозокот. Исто така, тоа е извор на растителни влакна, содржи дури 10 грама во едно просечно авокадо“, објаснува Мејер.

Токму оваа комбинација на здрави масти и растителни влакна е одлична за секој што сака да ослабе, затоа што ве заситува.

„И тоа не е сè. Авокадото е богато со калиум, што е важно за работата на срцето и мускулите, како и со витамини Ц и Е. Покрај тоа, тоа нуди доза полифеноли, како и бета-каротин“, вели Мејер.

Сепак, ниту една храна не е волшебна и не може да ја намали телесната тежина. Најважната работа, посочува диететичарот, е да се контролира големината на порцијата.

„Треба да согорите повеќе калории отколку што внесувате, и тоа ќе доведе до потесна половина“, забележува таа.

Едно просечно авокадо содржи 400 калории. Тоа е еквивалентно на еден оброк, затоа не е идеално за губење на тежината, но тоа не значи дека не може да биде дел од исхраната, ако е мудро распоредено.

„Препорачувам да консумирате само една четвртина од авокадо на ден. На тој начин ќе ги искористите сите придобивки, но ќе внесете помалку калории“, објасни таа.

Како резултат, вашата половината ќе ви биде благодарна за тоа.

Прочитајте и: Јадете сѐ а килограмите се топат: Проверете зошто ротационата диета моментално е најпопуларна!

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.