Ова се вистините и заблудите за водата што мора да ги знаете: Еве колку вода всушност би требало да внесувате во организмот!

Налевањето со вода може да биде штетно

Нашето тело е сочинето од 60 отсто вода, што кај возрасни лица подразбира околу 40 литри

Две третини од водата се наоѓаат во нашите клетки, а остатокот во вонклеточниот простор. Најважните состојки на тој екстерен простор се натриум и хлор, додека во самите клетки доминира калиум.

Овие значајни електролити имаат совршен механизам на влез, обработка и излез од телото кај здравите лица, па тие не мораат да се грижат околу внесувањето на оваа драгоцена течност во организмот. Поголемиот дел од водата го обработуваат нашите бубрези и остатокот се исфрла, во најголем дел преку урината.

Водата од организмот се излачува на три начина: преку урината, столицата и потењето.

Она што е важно да се нагласи е дека водата ја има и во цврстата храна и таквиот начин на внесување вода е многу значаен бидејќи претставува околу 1100 мл, додека еден дел од водата телото самото го создава – околу 280 мл.

Покрај цврстата храна, внесувањето вода преку течности би требало да изнесува околу 1200 мл дневно. Од ова можеме да заклучиме дека односот меѓу внесувањето течности и вода од цврста храна е многу избалансиран и со самото тоа еднакво важен. Сите помали отстапувања од едниот или другиот начин на внесување, можат да се надоместат со испивање дополнителни чаша или две вода, во зависност од потребата и активностите тој ден.

Дали можеме да претераме со внесувањето вода во организмот?

Да, можеме. Се советува да се пијат литри и литри вода дневно и „што повеќе течности тоа подобро“, но тоа е погрешно и може да доведе до тоа течноста да почне да се насобира во меѓуклеточниот простор, а исто така може да ги оптовари и бубрезите, кои не се во состојба да ја обработат таа количина на вода, а со самото тоа и сите други органи во системот.

Секако, за време на големи горештини, како сега, невозможно е да не се пие повеќе вода и тоа е и пожелно за да не дехидрира организмот, а совршен аларм на организмот дека е пред дехидратација е жедта, која ве предупредува дека на организмот полека му снемува вода.

И не, не е точно дека кога ќе почувствувате жед веќе е доцна да испиете вода, бидејќи веќе сте дехидрирале. Можеби би било попаметно да го направите тоа порано, но секако треба да го направите тоа и тогаш, кога ќе почувствувате жед.

Ова се основните показатели што ќе ви кажат дали вашето тело е доволно хидрирано:

  • Немате напади на жед.
  • Редовно мокрите, без непријатен мирис или темна боја на урината.
  • Немате констипација проследена со цврста столица.
  • Бојата на кожата ви е нормална и вообичаена.
  • Не сте склони на главоболки.

Па така, налевањето со литри вода не ви е потребно. Напротив, тоа е контрапродуктивно и може да биде штетно за организмот. Она што ви треба е балансирано внесување вода.

Важно е да се напомене дека во таа смисла ништо не може да ја замени водата. Киселата вода, газираните сокови, овошните сокови, алкохолните пијалаци и големите количини овошје не само што нема да ви ја згаснат жедта, туку со нив ќе внесете и голема количина на шеќер во организмот, кој ќе произведе дополнителна жед, а во организмот ќе внесете многу повеќе калории.

Иако е добра навика, можете да претерате: Ова се знаци дека внесувате премногу вода
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.