Дали „кето“ главоболката е знак за тревога?

Кето исхраната е многу популарна веќе некое време, но доаѓа со одредени несакани ефекти.

Експертите тврдат дека кето диетата може да донесе разни несакани ефекти, како што се гадење, запек, нервоза, нарушувања на спиењето, загуба на енергија … И дали знаевте дека има и кето главоболка?

Зошто се јавува кето главоболка? 

Постојат многу причини зошто се појавуваат кето главоболки. Покрај паѓањето на нивото на шеќер, на појавата на главоболка влијае и дехидрираноста, недостаток на внес на јаглени хидрати, неправилен и слаб квалитет на сон, премногу вежбање

Истражувањето од 2020 година покажа дека повеќето од испитаниците чувствувале одредени несакани ефекти во првата недела од оваа диета. Но, ако вашите главоболки траат подолго од 7 дена, а исто така имате проблеми со варењето на храната (запек, гадење, дијареја, болки во стомакот), замор, слабост, проблеми со концентрација и сон, вртоглавица и / или грчеви во мускулите, советот е да престанете да држите диети. 

Како да се намали кето главоболката 

  • Пијте многу течности, особено вода.
  • Не консумирајте алкохол, бидејќи тоа влијае на дехидрација.
  • Консумирајте повеќе храна богата со вода, како што се целер, зелка, домати и краставици.
  • Консумирајте повеќе храна богата со електролити како спанаќ, печурки, кељ, семки од тиква и авокадо.
  • Бидете претпазливи кога ги зачинувате оброците и не користете премногу сол.

Бидете претпазливи кога вежбате и не додавајте премногу стрес на вашето тело, бидејќи тоа е веќе напнато, поради самата диета.

Прочитајте и: Олеснете ги менструалните болки без аналгетици

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.