Авокадо = корисна маснотија

+ рецепт за вкусен намаз

Ова овошје го сметаат за супернамирница поради високата содржина незаситени масни киселини, т.е. здрави масти што ги одржуваат витални срцето и крвните садови

Ако уште не сте го пробале – попусто се колебате. Авокадото е многу здраво овошје. Богато е со незаситени масни киселини, кои ја поддржуваат еластичноста на клеточните мембрани, учествуваат во производството на хормони, ги штитат крвните садови и го снижуваат нивото на лошиот холестерол и на триглицеридите во крвта. Во десет грама месо од авокадо има грам незаменливи масни киселини.

За што е уште корисен овој плод?

Содржи многу витамини (Ц, Е, Б, К) и минерали (калиум – дури повеќе и од бананите, магнезиум), како и антиоксиданти (катехини и феноли).

Ги подобрува памтењето и работата на мозокот. Помага за симнување килограми. Многу е хранлив и долго го држи организмот сит, намалувајќи го така бројот на оброците. Го спречува развојот на метаболичкиот синдром – основниот ризичен фактор за развој на дијабетес тип 2 и заболувања на срцевата артерија. Познат е и како одличен сојузник против канцер.

КОЛКУ ДА СЕ ЈАДЕ

За да ја почувствувате неговата корист, добро е да го јадете секојдневно, но не повеќе од еден плод.

КАКО ДА СЕ ИЗБЕРЕ

Највкусна сорта е хас. Плодовите имаат кафена боја, малку се меки и со сладок вкуса. Меѓутоа, често се увезуваат и други сорти, кои главно се зелени. Плодовите дозреваат во продавниците или дури дома. Одбирајте рамни плодови, без црни дамки и вдлабнувања. За да созрее авокадото што побрзо, ставете го во сад со јаболко или банана: овие овошки предизвикуваат киселини што придонесуваат за негово побрзо созревање. Кога ќе налетате на него во продавница или на пазар, квалитетот на плодот проверете го на следниот начин: прво што треба да направите е да го притиснете со прстите… но нежно. Тоа мора да биде меко на допир, но не толку за прстите веднаш да пропаднат во него.

СО ШТО СЕ КОМБИНИРА

Авокадото е толку универзално што може да се комбинира со кој било производ. Најдобро е да се јаде сурово, со додаток од малку сол, маслиново масло, лук или црн пипер, а можете да го користите и како мачканица или сос со разни други јадења. Одлично е за правење кашести сокови бидејќи добро со согласува со млеко и со друго овошје и зеленчук.

МАЧКАНИЦА ОД АВОКАДО И УРДА

Потребно:

1 авокадо

100 г урда

1 чешне лук

1 лажиче сок од лимон

сол, црн пипер

Приготвување:

Исчистете го авокадото и изгмечете го, додајте му го лимоновиот сок и промешајте. Потоа ставете ги урдата и ситно исечканиот лук, како и сол и црн пипер по желба. Сето тоа намачкајте го на тост и уживајте во брзиот и квалитетен појадок. Пријатно!

Подготвила: Екатарина Игоревна Андреева, специјалистка за исхрана 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.