Три едноставни трика за убава и практична кујна

Гарантираат добар резултат

Кога преуредувањето на кујната е неодложно и покрај скромниот буџет, потрудете се да извлечете максимум од расположливите средства. Било да изработувате нова кујна по мера или да купувате готови елементи, придржувајте се до трите едноставни трикови што гарантираат добар резултат

1 Комбинација на елементите

Комбинирајте отворени и затворени ѕидни елементи за да постигнете динамичен изглед. Затворените ќе ви служат да ги заштитите садовите од прашина и други нечистотии, но и да го скриете она што не треба да го видат вашите гости. Помеѓу ваквите елементи вметнете понекоја отворена полица на која ќе изложите атрактивни детали – секоја просторија, па дури и кујната, заслужува малку декорација.

2 Закачете ги предметите што ги користите често

Шините и другите додатоци за закачување дреболии се еден од главните сојузници на практичната кујна. На ваков начин треба да се чуваат црпалките, фаќалките, жичените и други дреболии што ги користите често при приготвувањето јадења и важно е во секој момент да ви бидат при рака. Сепак, задржете се само на неопходните предмети бидејќи ако половината садови ги закачите на ѕид, кујната ќе изгледа неуредно.

3 Извлечете го максимумот од отворените полици

Отворените полици не се особено практично решение за кујната, но, како што споменавме, тие може да бидат одличен детаљ во оваа просторија. Затоа помеѓу затворените орманчиња вметнете барем една отворена полица, а освен што на неа ќе изложите интересни предмети, истакнете ја во прв план со боја што е во контраст со фронтовите на другите елементи.

Извор: Home Style

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.