7 намирници за среќа: Ако го јадете ова, нема да има место за меланхолија во вашиот мозок!

Сè започнува од стомакот: среќа и тага, болест и љубов ….

Постојат четири хемикалии во телото на секој од нас, кои се нарекуваат „квартет на среќата“: ендоргин, серотонин, допамин и окситоцин.

Одредена храна може да влијае на ослободување на хормони, што го подобрува расположението и ги олеснува мрачните мисли.

Ви донесуваме список на ваква храна:

Овес 

Овесот спаѓа во групата паметни јаглехидрати, што значи дека го смирува мозокот. Тоа е здраво жито од кое се синтетизира серотонин.

Ако го започнете утрото со овесна каша и бобинки, ќе имате сила да го „истуркате денот“.

Банани

Вистински извор на оптимизам и здравје. Богати се со шеќери и му даваат на организмот енергија.

3 јајца

Многу луѓе се обидуваат да јадат што е можно помалку јајца од страв од холестерол. Сепак, лекарите тврдат дека јајцата се многу корисни и содржат „добар холестерол“ корисен за организмот.

Се препорачува да се започне утрото со појадок од три јајца.

Чоколадо

За среќа, доволно е 30 грама чоколадо. Чоколадото го зголемува нивото на серотонин и допамин, исто така содржи и егзорфин, природно ослободување од болка, супстанца што обезбедува енергија.

Ананас

Ананасот ја намалува вознемиреноста, има антиинфламаторни својства, богат е со витамин Ц и е добар за циркулација и концентрација. Тоа му помага на телото да произведе мелатонин, па затоа велат дека ананасот е добар како вечера.

Лосос

Богат е со витамин Б, неопходен за производство на серотонин и допамин. Ја подобрува меморијата, расположението и концентрацијата.

Леблебија

Многу здрав производ кој на организмот му ја нуди целата можна енергија. Најдобро е да јадете хумус (наут, маслиново масло и мелени пиперки) и да го одржувате физичкото и менталното здравје.

Забелешка: Ако страдате од клиничка депресија, пред сè следете ги упатствата на лекарот и земајте лекови. Ако немате депресија, туку само лошо расположение или недостаток на енергија, тогаш оваа храна е токму за вас.

Прочитајте и: Откриваме што е поздраво – варен или суров зеленчук

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.