Пријателките имаат големо влијание врз желбата на жената за потомство

Научниците од италијанскиот универзитет во Бокона откриле дека пријателките имаат големо влијание врз желбата на жената за дете.

Затоа, оние жени кои не размислувале за раѓање, можат одеднаш да се предомислат откако ќе се породат нивните најдобри пријателки или повеќето од нив, покажа истражување спроведено врз повеќе од 1.700 жени на возраст од 17 до 30 години.

Овој ефект е најизразен кај жените после средно училиште. Највисоко ниво достигнува две години подоцна, а со текот на времето се намалува, заклучуваат научниците.

– Одлуките за планираното потомство не се под влијание само на личните карактеристики и желби, туку и на социјалниот круг во кој се движи жената, особено во однос на поддршката – изјави коавторот на истражувањето, Николета Балбо.

Таа додава дека тоа не е ништо невообичаено, бидејќи веќе е познато дека пријателите имаат големо влијание врз многу однесувања, како што се пушење, пиење, вежбање и дружење.

Покрај тоа, пријателките се важен извор на знаење за жените за мајчинството и за учењето како да се грижат за детето, а заедничкото искуство со мајчинството може да го намали стресот повеќекратно.

Прочитајте и: Дали знаете дека од движењето на вашето бебе во стомакот може да настане неверојатна музика?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.