ИМАТЕ ПРОБЛЕМ? Причини за често ждригање

Не смеете да го задржувате икањето. Тоа може да доведе до чувство на „пукање“ во пределот на желудникот и болка во стомакот.

Ждригањето без мирис што не се појавува повеќе од четири пати по јадење е нормална појава. Друга работа е ако некое лице притоа чувствува тежина во стомакот, надуеност, болка во стомакот и гадење – во тој случај треба да се консултира со лекар за помош, за тој да ја утврди дијагнозата и да го пропише лекувањето.

Намирниците што создаваат гасови (газирани пијалаци, мешунки, зелка, кромид, банани, суво грозје итн.) во голема мера предизвикуваат насобирање воздух во желудникот.

Болести: рефлуксен езофагитис, пареза на желудникот, гастритис, чир, слаба апсорпција на фруктоза, тумори во дигестивниот тракт.

Стрес и нервна напнатост. Кога се возбудени, луѓето побрзо ја џвакаат храната и притоа голтаат повеќе воздух, што доведува до ждригање.

Што да правите?

– Јадете полека, внимателно џвакајте ја храната.

– Не зборувајте додека јадете.

– Седнувајте на маса само кога сте смирени.

– Избегнувајте газирани пијалаци и друга храна што предизвикува гасови.

– Пијте вода дури еден час по јадење.

– Обрнете внимание на исхраната – ждригањето може да се појави како индивидуална реакција на одредена храна.

НАРОДНИ ЛЕКОВИ (користете по избор)

* По оброкот изедете свеж морков или јаболко.

* Измешајте по 50 мл свеж сок од брусница и алое. Додајте едно лажиче мед, па половина чаша превриена вода на собна температура. Седум дена земајте по една лажица трипати на ден, пред јадење. По две недели, повторете го третманот. Контраиндикација: дијареја.

* Исцедете по 50 мл сок од компир и морков и измешајте. Испијте го половина час пред јадење. Земајте по трипати на ден, најмалку десет дена.

* Еднаш или двапати дневно на коцка шеќер капнете од четири до шест капки масло од каранфилче, па изедете го.

Текст: Оксана Болтова, диететичарка 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.