СОВЕТ ОД СТРУЧЊАК: Како правилно ДА СЕ НАПРАВАТ АНАЛИЗИ

Еве како да избегнете грешки...

За најважните недозволиви процедури пред анализата на крвта пишува интернистката Јелена Александровна Пискунова.

Анализата на крв и урина претставува најпристапниот начин да се дознае нешто за сопственото здравје. За планска проверка, доволно е да се прават анализи на крвта и на урината еднаш или двапати годишно.

Сепак, прецизноста на резултатите не зависи само од квалитетот на реагенсите и опремата во лабораторијата туку многу зависи и од подготовката на самата личност, од времето и од правилното собирање на биолошкиот материјал.

Еве како да избегнете грешки…

НЕ СМЕЕ…

… Да се појадува

Земањето крв најчесто се прави наутро, на празен стомак, бидејќи храната многу влијае на резултатите. Помеѓу вечерата и земањето крв мора да поминат минимум осум, а најмногу 14 часа. Тешка, пржена и мрсна храна треба да се избегнува ноќта пред земањето крв.

Комплетна анализа на крвта можете да направите два-три часа по јадење (не порано). Меѓутоа, во тој случај појадокот не смее да биде обилен, ниту пак храната да биде мрсна.

Во овој период можете да пиете само негазирана вода.

… Да се консумира алкохол

Категорично е забрането да се пие алкохол ден пред анализата. Алкохолот влијае на метаболичките процеси во организмот, што може да влијае на веродостојноста на резултатите од анализата.

Алкохолот не влијае на резултатите од генетските тестови, анализите за инфекции и одредувањето на крвната група. Никако не смеете да пиете алкохол пред други анализи, вклучувајќи ја и општата анализа на крвта.

… Да се земаат лекови

На докторот што ви дава упат за анализа на крвта кажете му ако земате лекови. Можеби ќе ви препорача да ја прекинете терапијата некое време (10-14 дена), што е доволно за да се исчисти организмот од неа.

Ако треба да вадите крв за да ја процените ефективноста на лекувањето и терапијата што сте ја поминале, тоа треба да го направите најрано 7-14 дена по последното земање на лекот.

… Да се пуши

Пушењето влијае на лачењето на биолошки активните супстанции. Не пушете најмалку два часа пред анализата.

… Да се напрегнувате физички и емоционално

Како резултат на тренинг и стрес, се менуваат содржината на вода, нивото на гликоза, пХ-вредноста на крвта и другите показатели. Затоа е неопходно да се избегнуваат физички и емоционални оптоварувања 24 часа пред анализата и на денот на земањето крв. Избегнувајте емоционална возбуда.

Пред вадењето крв треба да се смирите и да се одморите. По брзо одење или качување по скали, седете во чекалницата на лабораторијата 10-15 минути пред вадењето крв.

… Да се вади крв по медицински процедури

Непожелно е да се вади крв веднаш по рендген, ултразвук, ЕКГ, физиотерапевтски или други медицински процедури (инјекција, пункција), масажа…

Тие можат да предизвикаат промени во одредени лабораториски параметри.

Важно! Подобро е за анализи (вклучувајќи ги и општите) да се земе венска крв. Резултатите ќе бидат пообјективни отколку со анализа на капиларна крв (од прст). Крвта од прстот за време на вадењето ги менува своите својства (особено ако лабораторискиот техничар премногу силно го стисне прстот), а и самите реагенси лошо реагираат на неа.

Подготовка за биохемија

Општите правила важат за сите анализи, но за некои е потребна дополнителна подготовка.

ХОЛЕСТЕРОЛ, ЛИПОПРОТЕИНИ

Во овој случај, крв треба да се зема по 12-14 часа гладување. Неопходно е две недели пред анализата да се прекинат лековите што го намалуваат нивото на липиди во крвта (освен кога е потребно да се утврди хиполипидемискиот ефект на терапијата со овие лекови).

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.