5 знаци дека бракот ви го уништува здравјето!

Бракот влијае на нашето здравје и благосостојба на различни начини, и позитивно и негативно!

Фото: Getty Images

Луѓето често можат да бидат погодени од расположението и однесувањето на личноста со која се во брак. Кога овие расположенија и однесувања ви кажуваат дека не сте сакани или „доволно добри“, вашето физичко и ментално здравје добива удар.

Овие 5 знаци покажуваат дека вашиот брак негативно влијае на вашето здравје!

1. Посттрауматско стресно растројство (ПТСН)

ПТСН често се поврзува со настани опасни по живот, како што се војна или сообраќајна несреќа. Сепак, истата состојба може да ја произведе предавството што го доживуваме од партнерот. Многу е потресно кога те изневерува личност на која целосно и веруваш. Кога тоа ќе се случи, вашето тело влегува во хипер-будност за да ве заштити. Анксиозноста и чувството дека ништо не е под ваша контрола може сериозно да го оштетат вашето ментално здравје. Ќе живеете во постојан страв дека повторно ќе бидете изневерени.

2. Зголемена анксиозност и депресија

Нашиот мозок е научен да се потпира на личноста со која се поврзуваме за да ни помогне да ги регулираме нашите емоции. Кога се чувствувате исплашено, тажно или вознемирено, треба саканата личност да разбере низ што поминувате. Анксиозноста и депресијата се чести кај луѓето чиј сопружник не обезбедува поддршка или разбирање за нивните потреби. Особено ако тој одговара на тие потреби со отворено отфрлање или лутина. Луѓето кои се во несреќни бракови се затвораат и стануваат подепресивни или многу анксиозни. И двете од овие ментални проблеми се начини на кои вашиот мозок ќе се обиде да се справи со стравот да не бидете емотивно поврзани со личноста што ја сакате.

3. Кардиоваскуларни проблеми

Истражувањата покажаа дека бракот е поврзан со ризик за кардиоваскуларни болести и зголемена долговечност. Долгорочното истражување на 2.000 луѓе покажа дека шансите за смрт од кардиоваскуларни болести се значително поголеми кај луѓето кои биле разведени или во несреќен брак. Нездравите врски не можат да ја спречат прогресијата на срцевите заболувања како што тоа го прават здравите врски.

4. Длабока осаменост

Повеќето несреќни бракови предизвикуваат длабока осаменост. Луиз Хокли открила дека осаменоста го зголемува крвниот притисок и двојно го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар. Џејмс Хаус откри дека емоционалната изолација е поопасен здравствен ризик од пушењето цигари или високиот крвен притисок. Жените во нездрави бракови имаат значително повисок крвен притисок, а жените кои имале срцев удар имаат три пати поголема веројатност да добијат друг ако се во нездрав брак.

5. Слаб имунитет

Вашиот имунолошки систем ќе се бори да остане здрав ако вашиот брак е нездрав. Отфрлањето од страна на партнерот, постојаните расправии и ниското задоволство во бракот се поврзани со чести воспаленија, особено кај жените. Во една фасцинантна студија, истражувачите откриле дека колку партнерот е поборбен и понепријатен, толку е поголемо нивото на хормони на стрес и послаб е имунитетот на другата личност во врската.  Вашиот имунолошки систем најдобро функционира во безбедна, љубовна и хармонична врска. Вашето тело знае што ви треба за да преживеете и да напредувате. Кога живеете во секојдневни конфликти, хормоните на стрес негативно ќе влијаат на вашиот имунолошки систем и ќе ја зголемат веројатноста да се разболите.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.