Времето стои за неа: 5 навики поради кои Синди Крафорд и на 53 години изгледа волшебно

Успешно им пркоси на годините

Вреди да ги пробате нејзините совети

Таа е славен супермодел од 80-тите и 90-тите години, а на нејзиното вито тело со заводливи облини му се воодушевувале и мажите и жените. Таа беше и остана вистинска божица на убавината. И  денес може да застане рамо до рамо со многу помлади девојки.

Ова се нејзините 5 најдобри совети поврзани со младешкиот изглед на кожата и витото тело…

Пилинг

Синди верува во моќта на пилингот на тело, поточно во сувото четкање. Таа ја користи техниката четкање на телото за да ги отстрани сите мртви клетки од кожата на рацете и нозете, а потоа на телото нанесува масло.

„Не вреди да се мачкате со кремови што ја хранат кожата, ако претходно не ги отстраните мртвите клетки“, изјавила.

Заштитата на кожата и’ е на прво месо

Многу е дисциплинирана кога се работи за нанесување СПФ преку ден и ретинол навечер.

Одмор за телото и умот

Иако речиси секој ден оди во вежбалница, барем еднаш неделно практикува јога или прошетка во природа, за да го избистри умот и да се опушти. Интересно е што обожава да оди на часови по танц на шипка.

„На тие тренинзи е толку мрачно што невозможно е да ви биде непријатно“, заклучила.

Почестете се

Секоја вечер јаде по малку темно чоколадо. Таа вели дека се храни по принципот 80:20. Станува збор за јадење 80% здрава храна во текот на денот, додека оние 20% подразбираат некој десерт или кесичка чипс.

Внимава на изгледот на косата

Синди има одличен трик за интензивна нега на косата. Пред легнување, на косата нанесува некоја хранлива маска и преспива со неа. Наутро ја измива и на тој начин добива поголема нега и изгледа поздраво.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.