(ВИДЕО) Како Ешли Тисдејл се бори со ќелавоста?

Губењето на косата, или состојбата позната како алопеција, погодува речиси 7 милиони луѓе секоја година само во Америка. Младата актерка Ешли Тисдејл е една од оние кои се борат со алопеција.

Алопеција е термин кој опишува секаков вид на ќелавост. Сепак, широко се користи како замена за терминот alopecia aerata – што е латинско име за конкретната автоимуна болест.

Алопеција ареата е болест која се јавува кога имунолошкиот систем ги напаѓа фоликулите на косата и предизвикува губење на влакната. Обично ги зафаќа главата и лицето. Косата обично опаѓа на мали, тркалезни печати со големина на пара, но во некои случаи опаѓањето на косата е поголемо. Повеќето луѓе со оваа болест се во добра општа здравствена состојба и немаат други симптоми.

Ешли Тисдејл станала свесна за опаѓањето на косата во своите дваесетти години. Тогаш првпат го забележала печатот во близина на предната линија на растот на косата и го прашала својот фризер зошто тоа ѝ се појавило тоа. Била убедена дека проблемот е привремен: стрес, погрешни производи за нега, агресивно стилизирање и третирање на косата…

Сепак, фризерката ја советувала да оди на лекар и да провери дали е нешто посериозно. Кога отишла на преглед, на Ешли ѝ била дијагностицирана алопеција. Таа дознала дека стресот може да предизвика ќелавост – а во времето кога ја открила својата автоимуна болест, Ешли поминувала низ многу лични проблеми.

За среќа, косата повторно ми порасна. И сè уште расте по секое опаѓање и благодарна сум заради тоа. Но знам дека секогаш кога влегувам во стресен период, состојбата ми се активира и почнувам да забележувам траги на скалпот – вели младата ѕвезда.

Како Ешли Тисдејл се справува со алопеција?

Две клучни работи што таа ги прави се контрола на стресот и инјекции со плазма богата со тромбоцити (PRP). Иако не е можно целосно да се елиминира стресот (а ако некој има начин, го молиме да ни ја открие тајната!), Тисдејл најде начин да го канализира. Вежба јога, оди на терапија, практикува медитација и постојано ги преоценува своите приоритети.

Понекогаш, вели, знае да врши притисок врз сама себе без никаква потреба. Исто како и сите нас, нели? Затоа, вели таа, и било многу важно да научи што е навистина важно, а што не.

ПРП-инјекциите се „поскапиот пат“, но таа вели дека тие се исклучително ефикасни во отстранувањето на печатите. Овој третман вклучува земање на крв на пациентот, нејзино филтрирање за да се одвои плазмата богата со тромбоцити од црвените крвни клетки, а потоа таа плазма се инјектира во погодената област.

За жал, сè уште не постои лек за алопеција или други состојби поврзани со губење на косата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ashley Tisdale (@ashleytisdale)

Текст: Наташа Човиновска

Видео: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.