За време на домашен карантин: Третмани за убавина што треба да ги испробате веднаш

Времето што сега, поради пандемијата што го зафати целиот свет, најмногу го поминуваме во своите домови, можеме да го искористиме за да се посветиме на себе и на своето тело. Сега сигурно немате изговор, затоа ви донесуваме предлози за неколку домашни третмани што можете да ги започнете денес.

Пилинг за усни

  • 1,5 лажици маслиново масло
  • 2 лажици шеќер
  • 1 лажица мед

Измешајте ги сите состојки, потоа нанесете ги на усните и истријте ги, па исплакнете со млака вода. Не ги исушете усните со триење повторно со крпа за да не се оштетат, туку лесно исушете ги.

Домашен педикир

Можеби не изгледа како салон, но на тој начин ќе го искористите времето за себе, а од друга страна ќе заштедите пари. Потребна ви е малку топла вода во која ќе ставите неколку капки од омиленото есенцијално масло и морска сол, и ставете ги стапалата 10 минути. Избришете ја задебелената кожа со шпатула, а потоа измијте ги нозете наизменично со топла и ладна вода. Потоа намачкајте ги со мрсна крема и облечете памучни чорапи што сте ги загреале малку порано. Направете чаша од омилениот чај и уживајте во читање или гледање телевизија.

Антицелулитен пилинг

Повеќето жени се борат со проблемот со целулит, а единственото нешто што може да го ублажи овој проблем се пилинзите и кремите со ефективни состојки. Кофеинот се смета за главна состојка во борбата против овој проблем и лесно можете да направите пилинг од кофеин дома.

Рецепт:

Измешајте 2 лажици кокосово масло и 15 капки есенцијално масло по ваш избор со половина лажица кафе, така што кафето е целосно натопено во маслата. Пилингот не треба да биде премногу воден, па доколку забележите дека е така, додадете повеќе кафе. Нанесете ја смесата на критичните места и масирајте ја во кожата. Слободно притиснете посилно за време на масажата бидејќи пилингот мора да навлезе длабоко во кожата и да го разгради целулитот. Оставете неколку минути, а потоа исплакнете со млака вода. Пилингот, за најдобри резултати, повторувајте го двапати неделно.

Прочитајте и: Златни правила за витка фигура и здраво тело

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.