Овој маникир е нов хит на Инстаграм, а можете да го направите дома без да потрошите пари

Социјалните мрежи станаа неисцрпен извор на инспирација за убавина и модни избори, како и начинот на кој можеме најбрзо и најлесно да ги следиме најновите трендови.

Во последните неколку години, уметноста на ноктите доби важност, а социјалните мрежи се заслужни за тоа. Неодамна на социјалните мрежи започна трендот на нијансирани нокти што лесно можете да го направите дома. Додека на омбре ноктите сепак им требаше малку помирна и поумешна рака, за нијансираните нокти ќе ви требаат пет различни лакови.

Но, не грижете се, ги применувате сосема нормално – секој нокт од едната рака носи различна боја. Она на што треба да обрнете внимание е дека тоа е една или слична боја и нејзините различни нијанси. Одлично е што голем број жени најчесто се свртуваат кон една боја и сите нејзини нијанси. Ако сте една од нив, не мора да се грижите. Земете ги омилените лакови и ставете ги, од најтемната до најсветлата нијанса, на вашите нокти.

Прочитајте и: 5 знаци дека на вашите нокти им треба пауза од лак и маникир

 

ФОТО: Instagram

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време