5 знаци дека на вашите нокти им треба пауза од лак и маникир

Додека многу луѓе ќе нагласат дека треба да им се дозволи на ноктите да „дишат“ од време на време, треба да знаете дека ноктите ги земаат сите хранливи материи од крвта, а не од воздухот.

Но, и покрај тоа што дишењето на ноктите е чест мит, тоа не значи дека не треба да правите паузи од лакот и геловите за нокти. Ваквите паузи се повеќе од добредојдени, а ноктите обично ќе покажат кога ќе им треба пауза од маникир. Ви донесуваме пет знаци кои јасно укажуваат на тоа дека на вашите нокти им е потребна пауза.

Промена на бојата на ноктите

Ако по отстранувањето на лакот или гелот, забележите дека вашите нокти се жолти или полни со бели дамки, тоа е знак дека треба да се „одморите“ од маникирот. Жолтите нокти означуваат дека ноктевата плоча е оштетена од хемикалии пронајдени во лакот. Белите дамки, кои инаку покажуваат дека вашето тело има недостаток на цинк или калциум, може да бидат знак на дехидрираност на ноктите доколку тие секогаш се појавуваат по отстранувањето на гелот или лакот.

Неправилна текстура на ноктите

Друг начин на кој вашите нокти ќе покажат дека им треба пауза од маникир е неправилна текстура, односно испакнатини и вдлабнатини и дехидрирани кутикули околу ноктите. Сето ова се должи на гранулацијата на кератин и е знак дека на ноктите им е потребна пауза.

Кршливи и флексибилни нокти

Слично на промена на бојата и пожолтувањето, кревкоста и флексибилноста на ноктите се јасни знаци дека треба да направите пауза од маникирот и да се посветите на грижата.

Континуирани маникири

Доколку сакате да имате цврсти и здрави нокти, треба да правите паузи кога станува збор за маникир. Гел, лак и средства за отстранување на лак може многу да го оштетат здравјето на вашите нокти. Поради сето ова, експертите препорачуваат добри козметичари и не повеќе од еден маникир месечно.

Лак за нокти што не го отстранувате три недели или подолго

Без разлика дали ги одржувате ноктите средени или не, не треба да ги оставате старите слоеви лак за нокти повеќе од три недели. Лакот може да влијае на промена на бојата на ноктите и да ги оштети ноктите. Исто така, не заборавајте дека ноктите може да се оштетат со неправилно отстранување на маникир или лак и примена на стари препарати.

Прочитајте и: Направи сама: Домашен третман со компири за мазни стапала

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.