Маникир инспириран од 60-тите години е нешто што морате да го испробате: Совршени нокти за незаборавни летни ноќи! (ФОТО)

Ние ги чувствуваме позитивните летни вибрации благодарение на најубавите и најразиграните маникири.

Таканаречените „swirl“ маникири во моментов „горат“ на социјалните мрежи до тој степен што ние самите сакавме да го пробаме.

Но, ништо без внимателно истражување за сите можности што претстојат. Отпрвин, овој вид маникир може да изгледа комплицирано, но не е. Сè што ви треба е да ги изберете сите посакувани бои и да ја оставите фантазијата да дивее, а резултатот ќе биде најубавиот летен маникир. Можете да го направите тоа дома без страв, бидејќи не е важно дури и да направите грешка, само малку ја задебелите линијата и проблемот е решен.

Пругите се многу лесно за правење – само одлучете за правецот и користете четка за да создадете форми што се како бранови. Овој вид маникир е навистина разноврсен. Можете да го направите во иста боја, но во различни нијанси, а исто така можете да го направите во бои на виножито. Може да го покрие целиот нокт или само еден дел, во зависност од вашето расположение. Само не заборавајте да ги исчистите четките пред да ја користите секоја наредна боја. Целта е да се создаде шема што е како весел вител на вашите нокти.

Бидете сигурни дека користите квалитетни и високо пигментирани лакови за кои знаете дека не се истураат за време на апликацијата. Премногу проѕирни или дебели и лепливи лакови може да ви ја отежнат работата. Ние веруваме дека последното нешто што го сакате е еден лошо насликан „бран“ да ви го расипе целиот дизајн. Ви носиме доза инспирација во форма на сите најубави Insta „вител“ маникири.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Melanie (@overglowedit)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Melanie (@overglowedit)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sigourney Nuñez (@nailartbysig)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Melanie (@overglowedit)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nail It! (@nailitmag)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suman <3 (@nailsbysuman)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nail It! (@nailitmag)


Прочитајте и: Како да отстраните траен лак без да ги оштетите ноктите, ако не можете да одите кај професионалец?

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време