Рецепт на денот: Шумско овошје со овесна каша

Искористете ја сезоната на свежи бобинки и подгответе си сладок оброк на едноставен начин. Започнете го денот со чаша полна со витамини!

Состојки:

  • 100 гр малини
  • 100 гр боровинки
  • 100 гр јагоди
  • овесна каша
  • 300 гр слатка павлака
  • шеќер по вкус
  • топка за сладолед (по избор)

Подготовка:

Измијте го овошјето и оставете да се исцеди. Изматете ја слатката павлака со шеќерот. Измешајте половина од овошјето и додадете го во шлагот и ставете го во фрижидер. Подгответе стаклени чаши во кои ќе редите слој снегулки, потоа слатка павлака и овошје. Можете исто така да додадете топка сладолед. Послужете разладено.

Испробајте и: Рецепт на денот: Сирова торта со лешник

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.